Ова е одличен лек за сите оние кои имаат проблем со анемија и слабо железо. Дава одлични резултати! Рецеп на билкарот Мартин Најдовски од Велес. Доколку имате какви било прашања во врска со билките или овој лек, Мартин можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 литри црно вино и една ипол рака свеж рузмарин ситно сечкан. ПОСТАПКА: Во едно подлабоко тенџере се истура виното и се додава свежо набраниот рузмарин, ситно исечкан.

Се става на оган додека да започне да врие. Штом забележите дека смесата зоврела, намалете ја температурата на тивко и оставете да „се динста“ околу 40 минути.

NMD.mk

Потоа свареното вино процедете го и складирајте го во стаклени шишиња и добро затворено чувајте го во фрижидер. Се конcyмира сам о наутро по 30 мл, половина час пред појадок, на гладно.

NMD.mk

После еден месец редовна употреба на овој лек, потребно е да се направи проверка и доколку има потреба постапката да се повтори“, вели Мартин Најдовски.

NMD.mk

КОПРИВА – Од сите билки на планетата, копривата содржи најмногу железо и затоа, според изборот на нашите билкари, е број еден кога станува збор за лекување на анемија. Најдобро би било да приготвите чај од оваа лековита билка.

Лажица сув лист коприва прелијте со 200 мл зовриена вода и оставете да отстои 10-тина минути. Чајот процедете го и пијте го млак. Се препорачува дневно да испиете три шолји чај пред јадење.

РУЗМАРИН – Рузмаринот не е само ароматичен зачин, туку и многу лековита билка која помага во лекувањето на анемијата, особено кај деца. Во една шолја зовриена вода ставете лажичка лист од рузмарин, поклопете и оставете да отстои 10-тина минути. Потоа процедете и десет дена пијте по три шолји дневно пред секој оброк.

ИВА трева – Анемичните лица може да пијат и чај од ива трева. Оваа билка има горчлив вкус, кој потекнува од танините и етеричните масла. Направете мешавина од 25 грама сува ива трева и 25 г коприва.

Во половина литар ладна вода ставете лажица од оваа мешавина, поклопете и оставете да отстои три часа. После тоа, чајот малку загрејте го, процедете го и пијте по една чаша трипати дневно пред јадење. Напомена – пред да започнете да пиете чаеви за анемија, најпрво посоветувајте се со вашиот лекар.