Колачите не содржат јајца, посни се и многу вкусни. Ги нарекуваат „турски кекси“ и познати се под името „Kurabiyesi“. Одлични се, ровки како ванилиците, едноставни и сè на сè, префини. Не го пропуштајте овој рецепт, запишете си го и направете ги – Линда.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г маргарин, 350 г меко брашно, 6 лажици густин, 1 кесичка ванилин шеќер, 7 лажици шеќер во прав.




ПОСТАПКА: Замесете тесто од сите состојки и кога тоа убаво ќе се изедначи и ќе стане компактно и мазно, оставете го завиткано во проѕирна фолија, во фрижидер, да одмори околу половина час за да се стегне.




Потоа можете да го сечете на помали парчиња и да формирате валјаци, па да ги сечете со должина од 3-4 см.




Со помош на нож или виљушка секое кексче прошарајте го со неколку засеци и наредете ги во плех обложен со хартија. не е потребно никакво мастење на плехот.




Вака приготвените кекси ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 170 степени околу 40 минути, односно додека да добијат малку боичка. / Линда / Сооlinarika.com. Следниот рецепт сигурно ќе ве воодушеви:

МАНАСТИРСКИ ПОСНИ ТОПКИ ЗА 5 МИНУТИ И 3 СОСТОЈКИ: Направете ги, ќе бидете воодушевени од вкусот – без масло и без шеќер. За овие прекрасни колачиња потребни ви се само три состојки и неколку минути. Топчињата можете да ги правите помали или поголеми, а смесата можете да ја ставате во калапи или да ја направите во вид на валјак па да сечете разни облици.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г посни кекси, 2 големи зрели банани, 1 супена лажица крупно мелени лешници (по избор), сок од еден портокал, 2 супени лажици кокосово брашно и за валкање на топчињата може да користите лешник или кокос по избор. Сокот од портокал може да биде купечки а може да користите и свежо исцеден.




ПОСТАПКА: во еден длабок сад ставете 200 г посен кекс (најдобро посна плазма, но може и кој било друг кекс што вам ви одговара). Бананите излупете ги, па испасирајте ги со помош на виљушка додека да добиете каша.

посни бомбици со банана




Испасираните банани додајте ги во кексите. Додајте една супена лажица крупно мелени лешници и исцедете сок од еден свеж, крупен портокал. Додајте го исцедениот сок во смесата, па убаво промешајте за да се изедначи смесата.

посни бомбици со банана




Треба да добиете фина компактна смеса која може да се обликува во раце. По потреба додајте уште малку сок или уште малку мелени кекси, бидејќи ова најмногу зависи од сочноста на самиот портокал кој ќе го користите во рецептот.




На крај додајте две супени лажици кокосово брашно, па сè повторно промешајте со лажица, шпатула или со рака. Од приготвената смеса со помош на дланките формирајте топчиња со величина по ваша желба. Доколку сметате дека оваа количина ви е мала, тогаш слободно удвојте ги состојките.

Топчињата оставете ги 15-тина минути во фрижидер за да се стегнат. Потоа валкајте ги во кокос, мелени кекси, лешници или ореви. Можете да ги чувате на собна температура или во фрижидер. Доколку сакате можете да ги декорирате со чоколадна глазура или по ваш вкус.