Лек кој ќе го препороди вашето грло во рок од 24 часа: Потребни ви се само 3 состојки

Настинка и воспаление на грлото може да му се случи секому, без оглед на годишното време и да предизвика се риозни непријатности. Постојат многу лекови кои ни помагаат да се избориме против б олката во грлото, но традиционалната медицина има свој рецепт за лек кој брзо и многу ефикасно ќе ве ослободи од болеста.

Се состои од три едноставни состојки: мед, ѓумбир и лимон. Поради своите својства, овие 3 навидум обични намирници, заедно во комбинација можат многу брзо да го излечат грлото. А подготовката на таквиот лек е едноставна и секој може да го приготви.

ЛЕК ЗА ГРЛО Потребни состојки: лимон, мед, ѓумбир.

Постапка: исечете го лимонот на трлаца, и редете го во тегла и прелијте го со медот. Преку секој ред лимони наросувајте по околу една лажица рендан ѓумбир. Состојките треба да бидат прелиени со медот. Затворете ја теглата и ставете ја во фрижидер да отстои 2-3 месеци, додека да се згусне смесата.

Кога смесата ќе се претвори во желе, спремна е за употреба: една лажица од смесата растворете во чаша топла вода и испијте, најдобро наутро на гладен стомак. Никогаш не треба да ја потценуваме традиционалната медицина, бидејќи со нејзина помош многу луѓе повторно застанале на нозе. Овој лек е одличен да го земате секојпат кога ќе почувствувате грепкање или неугодност во грлото.

ЛЕК ЗА ГРЛО: Потребни состојки: 500 мл вода, 400 г шеќер (по можност кафеав, но може и обичен), 2 лимони (без кора), 2 лажици бел слез, 2 лажици цвет од камилица, 2 лажици жалфија и 1 парче ѓумбир колку палец од рака

Постапка: ѓумбирот излупете го и исечкајте го ситно. Лимонот измијте го убаво и со нож за лупење компири излупете му ја кората заедно со белиот слој под него. Плодот исечете го на четвртинки или поситно.

На оган ставете ја водата со шеќерот да зоврие заедно со лимонот, слезот, камилицата и исечканиот ѓумбир. Од моментот кога ќе зоврие намалете ја температурата за да се вари на многу тивко. Оставете така да се вари вкупно 45 минути, а потоа оставете да излади и процедете.

Добиениот сируп складирајте го во стаклена тегла со капак и чувајте го во фрижидер. Употреба: Се пие трипати по една супена лажица пред секој од главните оброци. Веќе после првиот ден се чувствува големо олеснување. Се кон-сумира додека постојат симптоми.

Сируп против кашлица кај деца и возрасни

Првиот рецепт ни го испрати наша редовна читателка. Рецептот е проверен и ефикасен, па запишете си го, да го имате за секој случај.

I РЕЦЕПТ Потребни состојки: 1 поголема главица кромид неизлупен, 4 ореви во лушпа поткршени, 4 чаши вода

Постапка: кромидот убаво се мие и се сече на 4 делови. Оревите исто така убаво се мијат, се поткршуваат, па заедно со кромидот се ставаат во вода да вријат околу 15-тина минути. Потоа се остава малку да излади, се процедува и се засладува по потреба со мед. Се пие во текот на целиот ден.

II РЕЦЕПТ Потребни состојки: 1 кромид излупен, 1 цело јаболко органско, неизлупено, 1 орев во лушпа, 3-4 чаши вода или по потреба

Постапка: една главица стар кромид, излупен, едно цело јаболко со лушпа (претходно измиено нели) и еден орев стар-убаво измиен и само накршен, напукнат (да не биде исчистен од тврдата обвивка). Сето тоа се вари 10-20 минути, да се добие темна течност, се процедува и се пие. Може да се додаде отпосле и малку мед.

III РЕЦЕПТ Потребни состојки: 300 мл вода, 1 лажичка сува жалфија или 1 гранче свежа

Постапка: откако ќе зоврие водата се става билката и се остава да врие точно 3 минути. Се процедува и се пие како чај.

Б ОЛКАТА ВО ГРЛО ПОМИНУВА ЗА 4 ЧАСА СО ОВОЈ НАПИТОК

Природниот лек се приготвува од ким и им се препорачува на сите оние кои се склони на настинки и воспаление на грло и крајници.

Она што е најдобро, овој лекува многу брзо, па затоа штом почувствувате дека ве гре-бе грлото или се разбудите со отеж-нато голтање и чудно чувство во крајниците, не мислете се и направите го овој лек.

Потребни состојки: 80 г мелен ким, 200 мл вода + 50 мл и 1 лажица коњак или бренди

Постапка: кимот е најдобро да биде свежо сомелен. Прелијте го со водата и ставете го на оган, да врие на умерена температура околу 15 минути. Ќе добиете густа, растеглива смеса, слична на мелено кафе.

Процедете ја смесата низ цедалка, додадете 50 мл вода за да се разреди, па ставете повторно на огон, но само колку да зоврие еден “клуч”. Тргнете на страна и додадете една лажица коњак или бренди.

Од овој препарат кон-сумирајте на секој половина час по една лажица. Прво подобрување ќе почувствувате веќе после два часа и полесно ќе голтате. Овој лек им се препорачува на сите кои се склони на настинки и воспалено грло и крајници.

Кимот е зачин кој одамна го освоил светот како додаток во исхраната, но и како лековито средство за разновидни здравствени проблеми. Ова растение е едно од најраспространетите, најстарите и најпопуларните зачини. Источниот народ зборува дека кимот лечи се, освен с мрт!

Маслото од ким ја поттикнува работата на желудникот и жолчката, а како зачин има корисен ефект врз апетитот и варењето на храната. Исто така, во библијата се спомнува кимот како составен дел на лебот кој спречува надуеност, помага во лекување на болести на белите дробови, стомакот и жолтица.

Loading...
Претходна статијаСо чаша јогурт и едно јајце ќе го добиете најубавото тесто за мекици, пуфкасти со меури, меки како памук
Следна статијаБрзи уштипци од рерна, без квасец и прашок за печиво – поубаво нешто не сте јаделе