Матичниот млеч е секрет кој го лачат младите пчели, што се користи за хранење на матицата и нејзините ларви. Ова е биолошки активен производ на пчелите, кој се карактеризира со цела низа лековити својства и е широко користен во медицината, козметиката и прехранбената индустрија.

Лековитите својства на матичниот млеч се познати уште од времето на античките Инки. Матичниот млеч се споменува во најстарите пишани документи кои датираат од пред 3000 до 5000 години п.н.е. Интересен факт е тоа што според некои податоци, матицата која се хранела со матичен млеч, го зголемила животниот век за 2 години.

Пчелите го лачат матичниот млеч од 4 до 15 ден од животот. Во апитерапијата, матичниот млеч се смета за адаптоген. Бројни експерименти докажаа дека матичниот млеч има изразени антибактериски и антифугални својства.

Имуностимулаторниот и имуномодулаторниот ефект на матичниот млеч се рефлектира преку стимулација на производство на антитела и размножување на имунокомпетентни клетки. Матичниот млеч има бројни лековити својства како:

Зајакнување на имунитетот и зголемување на отпорноста на организмот, ја лекува сенилноста, несоницата, заморот и мигрената. Ја стимулира работната способност и лекува бројни респираторни заболувања како бронхитис и пневмонија.

Матичниот млеч го стимулира метаболизмот, поволно делува на нервниот и кардиоваскуларниот систем. Ја подобрува мобилноста и циркулацијата. Го зајакнува нервниот систем, ја подобрува менталната состојба и расположението, ја враќа силата и добриот сон, ја зголемува концентрацијата и доведува до подобра меморија.

Олеснува деградацијата на нервните клетки. Под стрес, ја нормализира работата на надбубрежните жлезди и лачењето на адреналин, што исто така ја нормализира работата на симпатичните и парасимпатичните жлезди и постигнува отпорност на стрес.

Го нормализира кр-вниот притисок, спречува анемија, ја подобрува работата на срцето и кр-вните садови. Со нормализирање на хормоналниот статус, ги ублажува проблемите со менопаузата кај жените, додека кај мажите го зголемува бројот и подвижноста на спер матозоидите.

Ги олеснува менструалните тегоби и помага во лекување на ерек-тилна дисфункција и фри-гид-ност. Ја регулира работата на сите витални органи и ткива, а тоа влијае на намалување на сложените заболувања во староста.

Ја забрзува детоксикацијата на организмот, го зајакнува имунитетот и ја нормализира кр-вната слика, ја подобрува регенерацијата на оштетениот црн дроб. Ја подобрува текстурата на кожата и ја прави поеластична.

Ја ублажува болката предизвикана на зглобната ‘рскавица и ја подобрува подвижноста на’ рбетот и другите зглобови. Го забрзува закрепнувањето, го намалува нивото на холестерол во кр-вта.

Матичниот млеч содржи протеини, кои ги уни-шту-ваат грам-позитивните бактерии. Исто така го обновува паренхимот на црниот дроб и помага во лекување на некои бубрежните заболувања.

Матичниот млеч кој е свежо собран има кафеава боја, а аптекарскиот матичен млеч изгледа како густа кашеста маса, хомогена супстанција слична на течна паста. Има белузлава или млечно бела боја, која, кога e на собна температура и под дејство на светлина, постепено ја менува бојата во жолтa.

Има специфична слатка арома. Вискозитетот на матичниот млеч варира во зависност од содржината на водата и неговата свежина, односно е повисок веднаш по неговото собирање, во однос на вредностите забележани по чувањето на матичниот млеч на собна температура или во фрижидер на 5 °C.

Матичниот млеч содржи: протеини, масти и јаглехидрати (протеините ги содржат сите есенцијални аминокиселини), шеќерна глукоза и фруктоза, незаситени масни киселини, меѓу кои се издвојува 10-HAD поради неговото антимикробно и антиканцерогено дејство.

Има богат минерален состав кој ги вклучува сите основни макро и олигоелементи.
Содржи витамини од Б комплексот и други витамини како А, Д, Е, К во мали количини. Содржи биостимулатори: ензими, коензими, биотини, нуклеински киселини, колаген – супстанца што го забавува процесот на стареење.

Матичниот млеч може да се консумира во две варијанти. Првата е да се консумира во комбинација со мед. Другата варијанта е да консумирате матичен млеч во сурова форма, како што се продава во аптеките.

Матичниот млеч е чувствителен на светлина, висока температура и воздух, а на собна температура брзо почнува да ги губи лековитите својства. Затоа, при транспорт се чува во мраз, а потребно е и вие да го чувате во фрижидер. Ако матичниот млеч добие жолта боја, најверојатно ги губи лековитите својства.

Исто така, матичниот млеч треба да биде складиран во темно шише за да ги зачува лековитите својства. Ако го чувате матичниот млеч на ладно место во фрижидер, толку подолго му се зголемува рокот на траење.

Начин на употреба: При консумирање на матичен млеч, треба да го чувате во уста и пополека да се излева кон грлото и не треба да пиете вода во следните 15 минути по консумирањето.

Матичниот млеч не смее да се консумира со метална лажица, бидејќи ја менува својата структура во контакт со металот. Се препорачува да се користи матичен млеч во комбинација со мед со дрвена или пластична лажица.

Матичниот млеч најдобро е да се користи наутро и попладне во текот на денот, додека земањето матичен млеч во вечерните часови не се препорачува, бидејќи ја зголемува енергијата во телото и предизвикува несоница.

Матичниот млеч е еден од најлековитите пчелни производи. Неговите лековити својства помагаат при многу болести, а нутриционистите сметаат дека е најдобрата храна во светот. Со својата голема лековитост го лечи, го храни и ревитализира телото.

Матичниот млеч е познат уште од античко време – скапоцен и редок, го чувале како тајна за убавината на благородничките. Кинезите и Русите долго време ги истражувале ефектите на матичниот млеч и досега откриле многу чудесни својства на овој природен лек.

Богатство на хранливи материи

Матичниот млеч е богат извор на минерали, витамини, протеини и ензими. Содржи витамини А, Б, Ц, Д и Е, со особено висока концентрација на витамин Б5 (пантотенска киселина) и витамин Б6.

Го зајакнува нервниот систем, ја враќа енергијата и дава виталност на телото

Матичниот млеч е единствениот природен извор на ацетилхолин во чиста форма. Тоа е невротрансмитер кој овозможува пренесување на импулси помеѓу нервните клетки во телото. Содржи разни минерали, ензими, 18 видови аминокиселини како и многу супстанции кои спречуваат развој на бактерии и вируси.

Протеините од матичен млеч содржат најголем дел од аминокиселините, кои вклучуваат осум есенцијали – валин, леуцин, изолеуцин, треонин, метионин, фенилаланин, триптофан и лизин.

Главните претставници на шеќерот во матичниот млеч се глукоза и фруктоза. Тие спаѓаат во категоријата на редуцирачки шеќери кои клетката може директно да ги апсорбира и да ги користи како енергетски материјал, без да троши инсулин.

Составот на матичен млеч варира во зависност од сезоната, физиолошката состојба на пчелите и условите во кои се чува.

Медицински својства на матичен млеч

Во педијатријата, многу позитивни резултати од третманот со матичен млеч се излекувани при состојба на хипотрофија, болести на белите дробови и централниот нервен систем и третман на новороденчиња со внатрешна тра-ума на мозокот.

Матичниот млеч е одличен за лекување на нарушувања во исхраната кај мали деца. Дава изненадувачки и трајни ефекти на лекување на разни болести кои се последица на склеротичните болести и при влегување во менопауза кај жените.

Утврдено е дека спортистите кои земаат матичен млеч две недели по ред ја зголемуваат издржливоста при тренинзите. Одличен е во исхраната на спортистите поради протеините што ги содржи. Го ”охрабрува” телото да закрепне побрзо од повредите како што се фра-ктури и ра-ни.

Исто така, помага во лекување на кардиоваскуларни заболувања. Истражувања во оваа област се направени во САД и Русија и се забележани многу позитивни резултати. Матичниот млеч помага при ангина, атеросклероза, покачени триглицериди, висок холестерол и проблеми со притисокот.

Матичен млеч често се користи во третманот на неплодност кај жени и мажи. Матичниот млеч исто така ги ублажува ефектите од земање апчиња за контрацепција. Матичниот млеч ја регулира менструацијата и промените во менопаузата. Има корисен ефект врз работата на гонадите и го зачувува здравјето на матката.

Некои истражувања покажаа дека матичниот млеч и другите пчелни производи го намалуваат растот на туморите. Исто така, матичниот млеч делува против бенигните цисти и ги намалува потешкотиите за време на хемотерапијата.

Матичниот млеч го ублажува стресот, ерек-тил-ната дисфункција и несоницата. Има својства на природен антибиотик – делува против бактериите и габите. Со своето диуретично дејство ја стимулира детоксикацијата од организмот.

Матичниот млеч е одлично средство за зајакнување на имунитетот. Особено е лековит кога се консумира како превенција во сезона на вируси и настинки. Матичниот млеч генерално го зачувува здравјето на коските и го стимулира нервниот систем.

Матичен млеч може да се најде во многу козметички производи денес. Се користи во додаток на креми бидејќи е богат со колаген и коензим Q10, содржи и комплекс на витамини од групата Б кои имаат корисен ефект врз здравјето на косата, ноктите и кожата. Исто така, лекува проблеми со кожата како акни и псоријаза.

Студентите често консумираат матичен млеч за време на испитите, бидејќи е одличен за меморија, издржливост, концентрација и будност. Тој е одличен сојузник во проблеми со телесната тежина, бидејќи ја враќа рамнотежата на метаболизмот.

Матичен млеч може да се најде во форма на таблети, течност или прав. Може да го купите и свеж од пчелари. Потребни се 5-6 месеци за да се добие половина килограм матичен млеч. Тоа е причината за неговата висока цена.

Свежиот матичен млеч има краток рок на траење, поради што е потребно да се чува во фрижидер, но најчесто преку процес на лиофилизација се прави сушење со замрзнување.

Матичниот млеч не треба да се зема со метална лажица бидејќи металот ги уништува неговите лековити својства. Без оглед во која форма го консумирате, свежа или лиофилизирана, ставете матичен млеч под јазикот и оставете го да се излева во грлото.

При редовно консумирање на матичен млеч, можно е првите неколку дена да имате дијареа. Ова се случува поради процесот на детоксикација и исфрлање на штетните материи од организмот.

Оние кои имале тран-сплан-тација или имаат проблеми со бубрезите, потребно е да се консултираат со лекар пред употреба на матичен млеч. Исто така, доколку сте алергични на мед и поленов прав не треба да користите матичен млеч. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска