Љубителите на чоколадни задоволства ќе бидат воодушевени кога ќе ја пробаат оваа ледена торта. Потребни ви се само 4 состојки и само малку време, а најубавиот деликатес за кратко ќе се најде на вашата трпеза. Секој залак се топи во устата, а подготовката е толку многу лесна, што на секој му успева.

Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт, кој е многу сличен на првиот. За вториот рецепт ќе ви бидат потребни 3 состојки, кои веројатно постојано ги имате во домот. Со ниеден од овие рецепти нема да промашите и ќе ги израдувате вашите најблиски. Еве што ви е потребно за овие две торти:

ПРВ РЕЦЕПТ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: 270 г темно чоколадо, 500 г крем сирење, 100 г млечна чоколада, 30 г препечени бадеми. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: 170 г висококвалитетно темно чоколадо, 375 мл кокосово млеко, 2 3/4 (220 г) овесни снегулки.

ВТОР РЕЦЕПТ
ВТОР РЕЦЕПТ

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Темното чоколадо исечете го на помали коцки и растопете го на пареа, под друго тенџере со зовриена вода. Крем сирењето ставете го во еден подлабок сад, малку измешајте го, па одозгора прелијте го растопеното чоколадо. Соединете со миксер.

Рабовите и дното на калапот премачкајте ги со малку масло, а потоа ставете хартија за печење на дното. Излејте ја кремастата смеса и израмнете ја, па ставете го калапот во фрижидер, да се стегне минимум 2 часа. Пред да го извадите калапот од фрижидер, млечното чоколадо растопете го на пареа, па измешајте го со сечканите бадеми.

По желба може да ставите и други јатки (како ореви, лешници или комбинација од повеќе јатки). Извадете ја тортата од калапот, па премачкајте ја со смесата од чоколадо и бадем на површината и од страните. Вратете ја тортата во фрижидер, 5-10 минути за да се стегне филот одозгора, па потоа послужете ја на триаголници.

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Вториот рецепт се подготвува многу слично како првиот рецепт. Исечете го чоколадото на тенки ленти, па соединете го во кокосовото млеко или во обично млеко на рингла. Ринглата треба да ви биде вклучена на ниска температура, па со повремено мешање, гответе додека чоколадото да се растопи.

Тргнете од рингла и додајте ги овесните снегулки, па добро измешајте додека подеднакво да се распоредат низ целата смеса, да не се соберат на едно место. Во калап со флексибилен обрач, со средна големина, обложете на дното хартија за печење, зацврстете го обрачот, па излејте ја смесата.

Нежно распоредете ја смесата низ калапот и ставете во фрижидер, додека тортата да се стегне минимум 2 часа. Оваа торта нема потреба дополнително да ја декорирате од таа причина што од овесните снегулки изгледа како украсена. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ, а за вториот рецепт ОВДЕ.