Ништо подобро од фин и вкусен домашен леб, ниеден купечки не може да го замени.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г интегрално брашно, 250 г бело брашно, 1 прашок за печиво (10 г), 1 лажица мед, 2 лажички сол, 3 лажици маслиново масло и 300 мл млака вода

ПОСТАПКА: Загрејте ја рерната на 250 степени. Измешајте ги сите состојки, па додадете масло, вода и мед. Со лажица добро измешајте да се соедини. Поделете на два дела. Ако е потребно дополнително наросете брашно по површината за да можете да го обликувате тестото.

Ставете на плех обложен на хартија и печете 15-тина минути, додека кората одозгора да стане цврста и кафеава. Особено е погоден за луѓе кои имаат тегоби од леб и печива со квасец!