Потребни состојки: 500 г меко брашно, 30 г квасец, 300 млако млеко, 3 жолчки, 1 јајце, 1 лажица шеќер, 2 ванилин шеќер, Рендана кора од лимон и портокал (непрскани), 1 лажица рум, 80 мл масло – сончогледово, 1 лажичка сол (8 г), масло за пржење и шеќер во прав за наросување

Постапка: брашното просејте го во голем сад, во средината направете вдлабнатина, тука издробете го квасецот, додајте лажичка шеќер, 150 мл млако млеко, измешајте со малку брашно и оставете да се активира.

Во друг сад изматете ги жолчките, јајцето, шеќерот, ванилин шеќер, масло, сол, кора од портокал и лимон. Понекогаш наместо масло користам 1 кисела павлака, а млекото го намалувам на 200 мл, и така излегуваат убави.

Во брашното со активираниот квасец полека додавајте ја смесата со јајца, остатокот од млеко и продолжете да миксате со спирални продолжетоци за тесто. По потреба додајте малку брашно, тестото мора да биде меко и да се одвојува од ѕидовите на садот.

Поклопете и оставете на топло место додека обемот да се удвои или во рерна со само вклучено светло.

Стасаното тесто префрлете го на набрашнета работна површина, па развлечете гора со дебелина на прст, околу 1,5 см, па со чаша или друга модла вадете крофни.

Редете ги врз тацна покриена со чиста кујнска крпа, покријте ги со друга и оставете ги да отстојат околу 10 минути. Не смеат да прекиснат.

Загрејте го маслото прво на најсилно, па малку намалете. Ставајте ги крофните во масло онака како што лежат на кујнската крпа (тајната на Верче*), поклопете и пржете 2 минути, тргнете го и пржете без капак уште 2 минути.

Пржените крофни (од двете страни) вадете ги на хартиена салветка за да се впие вишокот маснотија, оставете малку да изладат па наросете ги со шеќер во прав.

*Ги ставав во масло и обратно, да ви кажам искрено не забележав никаква разлика, ниту по изгледот, ниту по вкусот.

Крофните можете да ги полните со мармалад, чоколадо, крем… по желба, но и празни се убави.