ЛЕБ ОД ВОДА…Најмекиот леб што можете да го замислите, со прекрасна крцкава кора…Погледнете во што е тајната…Рецепт и фотографии на верица Николиќ. Еве што ви е потребно:

рецепт и фото: Верица Николиќ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

370 мл топла вода
1 лажичка шеќер
1/2 коцка свеж квасец (или 10 г сув квасец)
540 г брашно
1,5 лажички сол
топла вода

рецепт и фото: Верица Николиќ

ПОСТАПКА:

1. Квасецот растопете го во топла вода со шеќер и оставете го да се активира. Во подлабок сад ставете го брашното, посолете и измешајте.

Додајте го подготвениот квасец и замесете тесто. Додајте две лажици брашно и обликувајте го тестото во форма на топка (сѐ се прави во садот).

рецепт и фото: Верица Николиќ

Префрлете го во подлабок чист сад. Тестото прелијте го со топла вода, така што водата да го прекрива тестото, покријте го со кујнска крпа и оставете да отстои 15 минути.

2. Калап 24 см обложете го со хартија за печење, премачкајте ја одозгора со масло и посипете со брашно (да не се залепи тестото за хартијата).

рецепт и фото: Верица Николиќ

По 15 минути извадете го тестото од водата, но прво исцедете го, па префрлете го во подготвениот калап. Покријте го калапот со кујнска крпа и оставете 30 минути.

3. Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Направете засек на средината на тестото и печете го лебот 35-40 минути.

рецепт и фото: Верица Николиќ

Печениот леб извадете го од калапот, извадете ја хартијата за печење и оставете го на решетката да се излади. Доколку не ви се допаѓа крцкава кора, испечениот леб завиткајте го во кујнска крпа и оставете го така да се излади.