Леб како од пекарница, мирисен и вкусен – наједноставниот и најбрзиот рецепт, тајната е во млекото

Ова не е само леб, туку совршенство. Кога еднаш ќе го пробате, постојано ќе го правите, а некогаш и двапати дневно.

Потребни состојки:

500 г меко пченично брашно (тип 450, 480 или 500)
350 мл топло млеко
7 г сув квасец (1 кесичка) или 20 г свеж квасец (½ коцка)
1 лажица шеќер (околу 10 г)
½ лажичка сол (околу 5-8 г)
масло за премачкување

Постапка:

Во длабок сад ставете го брашното, додадете една лажица шеќер и половина лажичка сол, една кесичка сув квасец и постепено додавајте 350 мл топло млеко.

Loading...

Започнете да го месите тестото додека да брашното и млекото да се соединат, околу 3 минути. Мекото тесто покријте со пластична фолија и оставете го да одмори на собна температура околу 10 минути.

После 10 минути премесете го тестото на работна површина за да се развие глутенот и да стане еластично, мазно и да не се лепи.

Тестото вратете го во садот, покријте го и оставете го на собна температура да стасува околу половина час.

Откако ќе стаса, тестото префрлете го на работна површина, обликувајте го во правоаголник и поделете го на два дела. Секој дел повторно обликувајте го во правоаголник. Тестото не смее нагло да се птитиска, туку полека се развлекува со помош на оклагијата.

Кората што ќе ја развлечете треба да има должина според плехот (33х20 см) во кој ќе се пече лебот. Кората засечете ја на едната страна во неколку ленти (види видео), а потоа свиткајте го полека (исто како што се виткаат кифли).

Вака приготвените лебови ставете ги во плехот и премачкајте ги со малку масло (1 лажица) и оставете да стасуваат околу 30-45 минути.

Потоа ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Кога е печен, лебот повторно премачкајте го со малку масло. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото:

Loading...