Ова пророштво беше објавено во книгата “Тајната на пророците” и го опишува 21.век на најстрашен начин, нарекувајќи го “најизопачениот” од сите.

Познатиот германски свештеник од 17. век оставил зад себе пророштво за земјата која ќе доживее две страшни војни.

Во пророштвото се говори за една мала земја на југот од Европа која преживеала две војни, но дека ќе стане Божји храм во овој век.

“Во повеќето земји децата ќе се кренат против своите родители, граѓаните против власта, верниците против Бог, целото човештво ќе се бори против поредокот.

Ќе избие голема војна во која смртоносното оружје ќе паѓа од небо на начин невиден дотогаш. Ќе дојде до привремен застој, а потоа и до уште полошо продолжение на таа војна кога целиот свет ќе се преврти наопаку.

Ќе дојде до големи финансиски кризи и до уништување на објекти. Луѓето ќе бидат како без разум и со малку почит дури и кон најблиските”, се наведува во пророштвото.

Отровни испарувања ќе ги убиваат луѓето. “Отровни испарувања и зраци кои палат посилно од Сонцето, од небото ќе летаат лаѓи полни со страшни бомби и стрели. Убиствени летачки ѕвезди и сулфурни огнови ќе уништат бројни градови”, ова е прилагоден опис на оружјата кои ќе се користат.

Нашиот 21.век се опишува како најизопачениот во историјата, бидејќи човекот се осмелил да се однесува како самиот Бог. Овде се мисли на поедини моќници кои ја кројат судбината на светот, а пророштвото вели дека народот ќе се крене против нив во сите земји.

Уште еден многу значаен и посебно интересен дел од пророштвото е оној кој се однесува на една мала земја од југот на Европа, која ќе биде исклучително важна кога ќе дојдат последните денови.

Околу оваа земја ќе се кршат многу копја, а убиствените “летачки ѕвезди” ќе бидат испратени да ја уништат. Поради оваа земја многу народи ќе војуваат, а народот кој ја населува на неколку наврати ќе биде пред уништување. Ќе се создаде една страшна војна, а од неа подоцна ќе се изроди уште поголема војна. Оваа мала земја ќе биде речиси уништена од војната, но повторно ќе се роди.

Нејзе многумина не ја сакаат, бидејќи знаат дека Бог во неа го содал Адам и дека во дамнешни времиња била Рајската градина. Сотоната ќе се обиде да ја уништи оваа земја на повеќе начини.

Секогаш ќе го користи златото. Во оваа земја има луѓе кои се многу алчни и поради златото ќе се пролее многу крв. Во таа земја веќе се случиле две големи војни во дамнешно минато и луѓето ги преживеаја двете војни.

Богородица ќе се обиде да ги предупреди луѓето на ова, но никој нема да ја слуша, се наведува во пророштвото.