Добрата циркулација е многу важна за целокупното здравје на организмот!

Преку крвотокот до органите се транспортираат сите потребни нутриенти, минерали и кислород.

Лошата циркулација негативно делува на целото тело: врз мозокот, срцето, црниот дроб и бубрезите, па се до мускулите и екстремитетите.

Лошата циркулација може да биде причина за многу болести и здравствени тегоби.

Најчести симптоми од проблеми поради лоша циркулација се чувство на немоќ, замор, трпнење во екстремитетите, ладни дланки и стапала, грчеви, чувство на замор и непријатно забрзано чукање на срцето.

Многу фактори може да предизвикаат пореметување на циркулацијата:

-седентарен начин на живеење

-пушење

-консумирање на алкохол

-пореметена функција на штитната жлезда

-дебелина

-висок крвен притисок

-болести на нервен систем

-слабокрвност

-стеснети или затнати крвни садови

-алергии

Протокот на крвта ќе се подобри доколку во вашето секојдневие воведете некои позитивни животни навики, меѓу кои се најважни здравата исхрана и здравиот стил на живеење.

ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ

Вежбањето е најдобриот начин да ја поттикнете вашата циркулација. Нема потреба од многу тешки или комплицирани вежби. Доволно е активноста или рекреацијата за која ќе се одлучите да биде редовна.

Шетајте 30 минути дневно, најмалку 5 пати дневно* (Во самоизолација најдете активност во домашен амбиент).

Изведувајте едноставни вежби со рацете и нозете, секое утро по 15 минути. Не претерувајте со телесните активности, особено ако вашата циркулација е многу лоша.

МАСАЖА

Масажата помага да се поттикне и нормализира крвотокот, особено ако крвните садови се стеснати. Релаксирачката масажа ќе ги опушти крвните садови и ќе овозможи полсно движење на крвта.

Загрејте природно масло – маслиново, кокосово или бадемово. Можете да додадете неколку капки од вашето омилено етерично масло.

Со маслото масирајте ги рацете, нозете, глуждовите и другите делови од телото. Користете нежни, но одлични движења, секогаш во насока кон срцето. После масажата одморете малку, а потоа направете топла бања. Применувајте масажа неколкупати седмично.

ХИДРОТЕРАПИЈА

Хидротерапијата е уште еден едноставен, но многу ефикасен начин за подобрување на циркулацијата. Овој метод омозможува да се зголеми перисталтиката на ѕидовите на крвните садови и на тој начин да го подобри протокот на крвта. Ова најдобро се постигнува со наизменична топло-ладна хидротерапија.

Исто така помагаат и топлите бањи и сауни со што се крвните садови се дилатираат и се олеснува протокот на крвта.

КУРКУМА

Куркумата и исклучително лековит зачин кој, помеѓу другото може да ја подобри циркулацијата. Куркуминот, активната состојка на куркумата, ги спречува тромбоцитите да формираат згрутчувања и го намалуваат таложењето на плаки во артериите.

Според студијата од 2012 година објавена во списанието Nutrition Research, куркуминот има еднакво добро дејство за циркулацијата како и редовното вежбање.

Лут црвен пипер – кајенски пипер

Содржи капсаицин кој го стимулира и подобрува дотокот на крвта до органите. Капсаицинот исто така ги јакне ѕидовите на артериите и кашпиларите. Воедно ги отстранува симптомите од лошата циркулација како што се болки во мускулите, главоболка, ладни стапала и трпнење во нозете.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Богат е со антиоксиданси кои делуваат како вазодилататори, односно им помагаат на крвните садови да се опуштат.