Според оригиналниот рецепт овие крофни се подготвуваат во посебно апаратче за крофнички или калап за мафини, но вие можете да користите обичен калап и да ги печете во рерна. Вкусот е неверојатен! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 шолја брашно, 1.5 лажица шеќер, 1/2 лажичка прашок за печиво, 1/4 лажичка сол, 2 јајца, 1 шолја млеко, 2 лажици путер, омекнат на собна температура, крем по желба за полнење на крофничките

ПОСТАПКА: Посебно измешајте ги сувите состојки. Во посебен сад рачно изматете ги жолчките, па додајте го млекото и растопениот путер.

Потоа измешајте ги смесите заедно и додајте претходно направен снег од белки – лесно измешајте го во смесата за да биде пенчива и да не спласне.

Добро намастете калап за мафини, а потоа во секоја вдлабнатина ставете по малку смеса. Со помош на шприц во секоја крофна ставајте крем по желба (најдобро претходно стврднат), а потоа преку додајте уште малку смеса.

Печете 10 минути на 200 степени. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

https://fb.watch/nEluuEz6QU/?mibextid=e1zS5d