КРОФНИ ЗА 5 МИНУТИ…Овие се најмеките во светот…Се топат во уста и мирисаат до соседите…Едноставен и брз рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
200 г цврст јогурт или кисела павлака
8 г ванилин шеќер
2 лажици шеќер
60 мл сок од портокал
2 лажици масло
1/2 лажичка сол
320 г брашно
8 г прашок за печиво
џем и кокосово брашно за валање
ПОСТАПКА:
1.Сите состојки без брашното сипете ги во подлабок сад и соединете ги со жица за матење.
2.Потоа додајте го просеаното брашно и прашокот за печиво и промешајте со лажица или шпатула. Кога тестото ќе стане компактно, домесете го со рака. Тоа е меко и нелепливо.
3.Тестото развлечете го на набрашнета површина, а потоа од кората вадете крофнички со модла или чаша.
4.Остатокот од тестото повторно соберете го и повторете ја постапката додека да се потроши целото.
5.Крофничките редете ги на малку набрашнета површина и покријте ги да не се сушат.
6.Загрејте масло во широка тава и пржете ги крофничките на умерена температура додека да заруменат од двете страни. Вадете ги со решеткава лажица.
7.Можете веднаш да ги послужите посипани со шеќер во прав, чоколаден прелив или слично.
Или пак, да ги премачкувате со омекнат џем растворен со малку сок и валани во кокос. Постапката погледнете ја ОВДЕ.