КРЕМАСТИ ГНЕЗДА – посно

Потребни состојки:

1 шолја вода

1 шолја шеќер

150 г путер/маргарин

100 г чоколадо за готвење

300 г посни кекси-мелени

150 г мелени лешници

Фил:

100 г чоколадо за готвење

100 мл слатка павлака (хопла)

Мелени лешници за валкање

Постапка:

Водата се зоврива заедно со шеќерот, па се додава чоколадо, путер, мешаме да се стопи, па тргаме на страна. Додаваме мелени бисквити и лешници па оставаме да излади смесата.

За тоа време го приготвуваме филот, на пареа го топиме чоколадото со слатка павлака. Кога ќе се изедначи смесата ја оставаме добро да излади.

Со влажни раце обликуваме топчиња кои ги валкаме во мелени лешници и во средината со прстот правиме вдлабнатина.

Со шприц ставаме фил и ги оставаме во фрижидер до послужување.

Претходна статијаПивски кифлички – ПОСНО
Следна статијаПомоќно од таблета – варена банана со цимет