Помоќно од таблета – варена банана со цимет

ВАРЕНА БАНАНА И ЦИМЕТ – помоќно од таблета, еве зошто треба секогаш да ги имате при рака

Дали често имате немирни, непроспиени ноќи? Наутро се будите уморни со подочници и нејасни болки во телото?

Колку повеќе сакате да заспиете, толку повеќе сонот се оддалечува од вас а умот ви работи брзо и набрзо сфаќате дека речиси е утро?

Нередовното спиење и несоницата може да предизвика бројни болести како што е анксиозност, стрес и депресија.

Ако размислувате за работите кои треба да ги сработите следниот ден, за семејството и проблемите, вашиот ум едноставно прави еден вид напнато размислување и не можете многу лесно да го запрете.

Без разлика на причината, нешто мора да направите за да го подобрите својот сон, а најдобро е за почеток да пробате со природни препарати и да не посегнувате веднаш по апчиња.

Ова е едноставен рецепт кој има одличен вкус и прави чуда. Бананите, односно нивната кора е посебно богата со магнезиум и калиум.

Магнезиумот е одличен за превенција при пореметување на сонот, но кога е во комбинација со калиумот одлично помага и за опуштање на мускулите.

Всушност, магнезиумот е еден од најдобрите минерали за опуштање. Имајте на ум дека мора да купите органска банана без пестициди, бидејќи за овој рецепт е потребна кората.

Потребни состојки:

1 сад со вода

1 банана, органска

Цимет (по избор)

Постапка:

Ставете ја цела бананата (или повеќе ако правите поголема количина) во зовриена вода. Оставете да вари 10 минути. Процедете со цедалка и додадете цимет во прав. Се пие еден час пред спиење.

Бананата не ја фрлајте, туку можете да ја изедете во комбинација со чајот.

Претходна статијаКРЕМАСТИ ГНЕЗДА – посно
Следна статијаСпасете си ги вените со ова чудесно масло