Кремаста торта со 3 фила – се топи во уста

Фото и рецепт: Биљана Госпавиќ

Потребни состојки:

3 јајца
3 лажици шеќер
2 лажици масло
1 ½ лажица какао
1 ½ лажица брашно
1 лажичка прашок за печиво

Постапка:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да згуснат и побелат. Додадете го маслото и промешајте. На страна измешајте ги сите суви состојки па додадете ги во матените јајца и промешајте додека да се изедначи. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех со средна величина и печете во загреана рерна на 180 степени. Се печат три вакви кори.

За фил 1 и 2:

Loading...

750 мл млеко
6 лажици шеќер
2 пудинг од ванила
1 шлаг пена
150 г чоколадо за готвење

Постапка:

Од млекото одвојте малку за да го разматите пудингот, а остатокот ставете го на оган со шеќерот. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и додадете го разматениот пудинг. Мешајте постојано додека да згусне па тргнете го на страна да излади. Поделете го на два дела.

Во едниот дел додадете го прашокот од една кесичка шлаг крем од ванила, а во вториот дел додадете 150 г растопено чоколадо. Двата фила изматете ги пенасто со миксер.

За фил 3:

300 мл слатка павлака
70 г шеќер во прав
200 мл кисела павлака
250 г мелена плазма

Постапка:

Слатката павлака изматете ја со 70 г шеќер во прав, па додадете 200 мл кисела павлака и 250 г мелена плазма. Ако случајно ви излезе премногу густо, додадете малку млеко.

Редење: кора- жолт фил – плазма фил – кора – плазма фил – кора – темен фил, завршете со плазма фил или шлаг по ваш вкус.

Фото и рецепт: Биљана Госпавиќ

Loading...