Крцкави слоеви како лиснато тесто, а многу едноставна подготовка…Сите што ќе го пробаат, посегнуваат по уште..Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 јајце
2,5 чаши вода (500 мл)
6 чаши брашно (720 г)
1 лажичка сол (8 г)

За намастување:
200 г путер

За фил:
400 г мелено месо
2 главици кромид
1 лажичка црн пипер
1 лажичка чили пиперка
сол
магдонос

За одозгора:
1 жолчка од јајце
1 лажичка млеко

ПОСТАПКА:

1.Изматете го јајцето со солм па додајте вода и на крај замесете средно меко тесто со постепено додавање на брашното. Месете 5-8 минути додека добие еластичност.

2.Тестото гподелете го на 4 топки, покријте ги и оставете да отстојат 10 минути.

3.Земете едно тесто и развлечете го колку можете повеќе во голема тркалезна кора. Премачкјате ја со путер преку цела површина и преклопете со друга кора. И оваа кора намастете ја, па започнете со диплење како за лиснато тесто.

Секоја нова површина премачкувајте ја со путер. Истата постапка повторете ја и со останатите две теста, такашто на крај ќе добиете две коцки „книги“ спакувано тесто.

4.Покријте ги со кеси и оставете ги во фрижидер да остојат половина час.

5.За тоа време пригответе го филот: испржете го месото додека да ја смени бојата, додајте го кромидот и продолжете со динстање додека да омекне. Потоа додајте ги сите останати зачини и тргнете настрана.

6.Земете едно од тестата и развлечете го во правоаголна кора. Исечете ја на 4 долги ленти, а по должината на секоја наредете фил.

7.Секоја лента свиткајте ја во ролат. Постапката повторете ја и со другото спакувано тесто.

8.Ролатите наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

9.Одозгора премачкјате со изматена жолчка и направете површински засеци.

10.Ставете да се пече во добро загреана рерна на 185 степени додека убаво да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.