ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Потребно за 1 кора): 4 белки, 7 лажици шеќер, 6 лажици мелени ореви, 6 лажици мелена плазма. (Потребни ви се вкупно 3 кори, па повторете го овој процес на правење кора 3 пати).

ЗА ФИЛ: 12 жолчки, 250 грама шеќер, 5 лажици брашно, 750-800 мл млеко, 250 грама путер, 150 грама шеќер, 100 грама бело млечно чоколадо, 100 г млечна „ноисет“ чоколада (со вкус на лешник), 150 г сечкани ореви, 150 г мелена плазма

ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната на 170 Целзиусови степени да се загрее. Одделете ги белките од жолчките. Изматете ги белките додека да станат пенаста, па постепено додајте го шеќерот и матете додека целосно да се растопи и да добиете цврст снег.

Во изматениот шам додајте 7 лажици мелени плазма бисквити и 7 лажици мелени ореви. Мешајте бавно со превртување на лажицата додека да се соединат состојките, а смесата да остане пенлива и воздушеста.

Распоредете ја рамномерно во тркалезен калап за торти обложен со хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени 20-тина минути (проверете со чепкалка). Печената кора оставете ја настрана да се лади. На истиот начин направете уште две кори.

Треба да добиете вкупно 3 кори за торта. Направете го првиот фил со пенасто матење на жолчките и шеќерот додека да се добие крем, а потоа додајте го и брашното. Додајте ги изматените жолчки во загреаното зовриено млеко и сварете како пудинг.

За да не се создадат грутки, најпрво сипете малку топло млеко и промешајте за да се загреат жолчките, па сето сипете го назад во врелото млеко и со непрекинато мешање сварете го кремот додека да згусне. Најдобро е да се вари на пареа.

За тоа време оставете го путерот да омекне на собна температура. Кога кремот и путерот ќе бидат на иста температура, најпрво изматете го путерот, па кога ќе стане пенаст во него постепено додајте го оладениот крем и со миксер соединете.

На крај додајте ги мелените бисквити и ореви, како ситно сечканите темно и бело чоколадо. Промешајте со миксер или шпатула. Со добиениот фил филувајте ја тортата. Премачкајте ја целата со остатокот од филот и декорирајте по желба.

Пред послужување добро изладете ја. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „„КРАЛ ТОРТА СО ОРЕВИ: Се топи во уста зашто нема брашно, лесна е, секој може да ја направи“ – ОВДЕ.

„КРАЛ ТОРТА СО ОРЕВИ: Се топи во уста зашто нема брашно, лесна е, секој може да ја направи