„КРАЛ ТОРТА СО ОРЕВИ: Се топи во уста зашто нема брашно, лесна е, секој може да ја направи

Ова е една од највкусните торти за кои е напишан рецепт, па можеби и затоа е наречена „Крал торта“. Може да ја приготвувате за родендени и други свечени пригоди и верувајте, секој ќе ви побара уште едно парче. И покрај нејзиниот впечатлив изглед, таа лесно и едноставно се приготвува. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ: 10 жолчки, 130 г шеќер, 150 мл млеко, 20 г какао во прав, 200 г несолен путер. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 10 белки, 1 прстофат сол 200 г шеќер, 40 г скроб/нишесте/густин, 300 г истостирани и ситно сечкани ореви




ПОСТАПКА: Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките. Белките тргнете ги на ладно додека го приготвувате кремот од жолчки. Во жолчките додајте 130 г шеќер и 150 мл млеко, па добро изматете ги за да се изедначат.




Тенџерето ставете го на оган, па сварете ги на умерена температура со непрекинато мешање. Кога смесата ќе згусне тргнете го тенџерето од оган и додајте 20 г какао (може да биде и засладено, како несквик на пример, по вкус). Промешајте да се изедначи кремот, па тргнете го настрана да се олади.




Во белките додајте прстофат сол и пенасто изматете ги со миксер. Започнете постепено да го додавате шеќерот додека непрекинато матите околу 15-тина минути. Шеќерот треба целосно да се растопи, а снегот не треба да паѓа од садот кога ќе го превртите наопаку. Тогаш ќе знаете дека добро сте го изматиле.




Во снегот од белки додајте 40 г скроб/нишесте и изматете со миксерот уште една минута додека убаво да се изедначи. Најпосле додајте ги ситно сечканите ореви. За најдобар вкус оревиуте претходно треба да се пропржат во сува тава со промешување додека убаво да замирисаат, па откако ќе се оладат се сечкаат.




Повеќе не ви е потребен миксерот, а оревите се вмешуваат со лажица или шпатула. Зафаќајте со лажицата од долу кон горе и превртувајте – на овој начин ќе се сочува пенливоста на снегот. Смесата распоредете ја во плех обложен со хартија и малку намастен, па ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени околу 50 минути.




Печената кора превртете ја врз решетка и оставете ја да се лади, а потоа отстранете ја хартијата и пресечете ја на три еднакви делови, за да добиете три кори. Во меѓувреме кремот треба да е изладен, па соединете го со путерот:




Путерот исечкјате го на коцки и оставете го да омекне на собна температура. Потоа изматете го со миксер додека да се добие кремаста структура. Во него постепено започнете да го додавате изладениот крем, лажица по лажица. Кремот и путерот мора да бидат на иста собна температура.




РЕДЕЊЕ: по истиот редослед од кора па 1/3 фил, наредете ја тортата и оставете уште малку фил за да ја обложите тортата од страна. Оставете ја во фрижидер да се стегне најмалку три часа, а потоа наросете ја со какао и декорирајте со ореви. Деталите погледнете ги ОВДЕ.

Претходна статијаГо земам, но не и неговото презиме: Зошто жените кога ќе се омажат го оставаат своето презиме и го земаат на сопругот
Следна статијаТОРТА ОРЕВОВКА: Богата и сочна, секој залак се топи во уста