Ја сакам пицата во секој облик и вкус. Генерално, пицата би требало да ми биде непријател број 1, бидејќи вишокот килограми го заработив токму поради пицата. Меѓутоа, според хроно исхраната каде сè јадеш а сепак слабееш – пицата повторно е на моето мени.

Потребни состојки:

80 г ‘ржано брашно
80 г спелтино брашно (вид пченица)
1 прстофат сол
½ лажичка прашок за печиво
5 лажици газирана вода

за фил:

3 лажици доматно пире
5-6 листови свеж босилек
1 шака млад спанаќ
2 лажици маслиново масло
¼ лимон
½ авокадо

Постапка:

Комбинацијата од ‘ржано и брашно од спелта најдобро се однесуваат во термичка обработка. Даваат и мекост и крцкавост.

Двете брашна се мешаат со прашок за печиво и прстофат сол и се замесува со газирана вода.

Се развлекува кора и се филува. Филувањето секогаш зависи од состојките што ги имате дома: доматно пире, кашкавал, спанаќ, шунка, моцарела – ми е основна комбинација, а како додаток може и половина авокадо.

Пицата се пече околу 15 минути во загреана рерна на 200 степени.