Овој колач е вистинско задоволство за љубителите на чоколадото и кокосот. Воздушест, кремаст, се топи во уста…

Потребни состојки:

6 белки
100 г шеќер
100 г кокос
1 лажица брашно
1 лажица оцет

за крем:

6 жолчки
100 г шеќер
200 г маргарин или путер
300 г чоколадо со ориз
400 мл слатка павлака

Постапка:

Изматете ги белките со шеќерот, додадете една лажица оцет, па кокосот и брашното. Промешајте со лажица за да остане воздушеста смесата.

Смесата рамномерно распоредете ја врз плех обложен со хартија и печете 15 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

Печењето зависи од калапот, ако калапот е помал тогаш кората е поголема и треба да се пече 20-25 минути, а ако печете во плех од рерна, тогаш кората е потенка и се пече околу 15 минути.

Печената кора се вади и се остава да излади. За тоа време се приготвува филот.

За фил: Чоколадото со ориз искршете го во длабок пластичен сад и ставете го во микробранова печка на 3 минути да се растопи. Нема сосем да се растопи, но ќе биде доволно за да може да се промеша со другите состојки.

Жолчките и шеќерот миксајте ги на пареа 10 минути. Кога смесата ќе згусне, додадете маргарин, па заедно измиксајте ги, а на крај промешајте го и чоколадото со ориз. (Доколку немате микробранова, чоколадото можете да искршите ситно и да го додадете во топлата смеса, но нема целосно да се растопи.)

Врз изладената кора се премачкува филот. Се става во фрижидер да се стегне и на крај се прелива со шлагот.