Рецепт и видео прилог на Мои Домашни рецепти: Корнишони за зимница

Направете вкусни и здрави корнишони за зимница, без конзерванси, на лесен и едноставен начин. Само природно!

Потребни состојки:

2 кг корнишони
1,5 лажица црн пипер во зрно
15-20 ловорови лист

за секоја тегла:

1 лажичка шеќер
2 лажички сол
4 лажици бел оцет 9%
1,5 литар врела вода

Постапка:

Краставичките измијте ги со млаз ладна вода и исцедете ги. Потоа отсечете им ги краевите и исечкајте ги на тркалца со дебелина од половина центиметар, како за салата.

Полнете ги теглите речиси до врв. Од оваа количина излегуваат пет тегли. Во секоја тегла ставете по малку црн пипер во зрно и 3-4 ловорови листови. Одозгора ставете по една лажичка шеќер, 2 лажички сол, 4 супени лажици алкохолен оцет 9% и прелијте ги со врела вода до врв и веднаш затворајте ги со метален капак.

Превртете ги и малку протресете ги за да се растопат солта и шеќерот, покријте ги со ќебенце и оставете ги така додека да се оладат и вакумираат.

После една седмица се спремни за консумација. Се чуваат на темно и ладно место. Деталите од постапката може да ја погледнете во видеото: