Коњската детелина (лат.Melilotus officinalis), позната е под имињата слатка детелина,  ждралец и комунига, кокотац… Од оваа билка за лек се користи надземниот дел. Како сува билка можете да ја купите од билна аптека и од подобро снабдени продавници за здрава храна.

Коњската детелина се користи за многу здравствени состојби, за смирување на централниот нервен систем, против б олки, мигрена…Пред сè се користи за лекување на чир на желудник и 12-палечно црево, како и за проблеми со тенкото црево.

Потоа се користи за ревматски проблеми, а помага дури и за несоница, а се покажала и како одличен лек за кр-вните садови. Причината поради која пчелите го обожаваат жолтиот цвет на коњската детелина – е постоењето на специфични етерични масла.

Етеричните масла, кумаринот и селенот се трите елементи кои коњската детелина ја прават лековита билка, а ниедна пчела не може да и одолее. Застапниците на природната медицина ја сврстуваат коњската детелина меѓу првите на списокот според количината на селен која оваа билка го содржи.

Селенот претставува значаен микроелемент кој е исклучително неопходен за здравјето на нашето срце, а исто така и за здравјето на кр-вните садови. Коњската детелина можете да ја приготвите во вид на чај, маст и тинктура.

Од многу одамна чајот од коњска детелина се користел за ублажување на тегобите поврзани со чир на желудник и тенко црево. Се користи како одлично средство против ревматски тегоби, но и против несоница, односно за мирен сон.

Денес за коњската детелина најмногу се говори како за природен лек за кр-вни садови, како за средтсво кое ја подобрува циркулацијата, и на тој начин спречува појава на бројни болести чија главна причина е токму успорената циркулација и недоволната исхранетост на ткивата.

Исто така, одлично се бо-ри и против појава на тромбоза во нозете, па така, оваа билка е иделана за користење на лица со предиспозиција за развој на тромбоза.

Меѓу другото се користи и против развој на разни бактериски и вирусни инфекции кои го зафаќаат кардиоваскуларниот систем, крвните садови, а особено благотворно делува при постоење на проблеми со нозете (проширени вени, испу-кани капилари, отоци).

За приготвување на чај од коњска детелина ќе ви биде потребна сува билка, една до две чајни лажички, а потоа билката прелијте ја со 200 мл зовриена вода. Поклопете го чајот и оставете да отстои 10-тина минути.

Потоа процедете го и пијте го. Чајот од коњска детелина не треба да биде премногу врел, бидејќи својата делотворност најмногу ја остварува кога се пие млак. Вака приготвениот чај исто така, може да се користи и како лек за внатрешните о ргани.

Особено поволно дејство има на кр-вните садови, за желудникот и целиот дигестивен тракт. Може да се користи и надворешно: кај воспаление на непцата или б олно грло, може да се прави испирање со овој чај.

Единствено што треба да внимаваат се чувствителните лица, бидејќи овој чај има силна арома, па кај некој може да се јави ма чнина и п овраќање. Исто така, овој чај не треба да се пие многу врел, особено лицата со чир во желудник, бидејќи може да предизвика непријатно чувство.

Затоа, многу е важно чајот од коњска детелина да го пиете потполно млак или ладен. За да приготвите чај против несоница потребна ви е една лажица сув цвет од коњска детелина и една чаша ладна вода.

Овој чај се приготвува наутро. Чашата поклопете ја со тацна и оставете вака билката да кисне преку целиот ден. На тој начин ќе се ослободат етеричните масла во водата. Пред спиење процедете го чајот и малку загрејте го. Овој чај е поинтензивен, па затоа се пие во ракиена, мала чашка.

ТИНКТУРА ОД КОЊСКА ДЕТЕЛИНА: Одлична е за оние кои сакаат во многу краток рок да се ослободат од сите здравствени проблеми. Тинктурата особено е идеална за оние кои имаат проблем со желудникот, бидејќи тинктурата е доста силна.

За подготвка на тинктурата ќе ви биде потребно околу 1000 г сув цвет од коњска детелина и еден литар ракија. За да биде тинктурата сочувана со продолежн рок на траење и добар квалитет, потребно е истата да се направи во стаклен сад кој херметички ќе се затвори.

Билката прелијте ја со ракијата и добро затворете го шишето. Оставете го да отстои на топло (не претопло) место во период од десет дена, за да може да се ослободат сите активни супстанции, етерилните масла и кумаринот.

По изминатиот период се процедува и се чува на ладно и темно место. УПОТРЕБА: Се пие по една мала жичка од тинктурата растворена во 150 мл млака вода. Резултатите се одлични особено кај лицата со проширени вени и кај оние кои имаат слаба циркулација.

За само неколку дена оваа тинктура го решава проблемот со слабата циркулација, отечените нозе и б олки во потколениците. Покрај тинктурата, за овие проблеми се користи и маст од коњска детелина, која поради сложеноста на постапката за приготвување, најдобро е да се купи од аптека.