Колачот едоставно се приготвува, не е комплицаран, но она што го издвојува од другите и го прави посебен, е изборот на состојките. Бисквитот има интересен и привлечен вкус и мирис на лешник.

А пак кремот, тој е нешто посебно. Кремот е чоколаден и се приготвува со помош на готов пудинг на кој му се засилува вкусот со силно црно кафе. По желба, кој сака во него може да растопи чоколадо по сопствен вкус.

За да ги приготвите овие крем коцки еве што ќе ви биде потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 150 г шеќер, 50 мл масло, 100 мл млеко, 100 г чоколадо, 70 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво и 100 г мелени лешници.

За Крем: 400 мл млеко, 1 кесичка пудинг од чоколадо 40 г, 60 г шеќер, 100 г чоколадо, 50 мл силно црно кафе и 250 г путер/маргарин. За Глазура: 20 г путер и 100 г чоколадо.

ПОСТАПКА: јајцата и шеќерот пенасто изматете ги со миксер. Матете додека шеќерот да се растопи и смесата да згусне и осветли, па додајте масло, млеко, топено чоколадо, брашно помешано со прашок за печиво и лешници.

Кога ќе го додавате брашното помешано со прашок за печиво, најдобро е да не го користите веќе миксерот, туку да мешате со лажица (шпатула или жица маталка), а исто и кога ќе ги додавате лешниците. Или пак, матете со намала брзина.

Сето добро измешајте го а потоа смесата излејте ја во намастена и набрашнета тепсија (со димензии 22х36 см или приближно) и печете во рерна претходно загреана на 180°C 35-40 минути.

Прашокот за пудинг помешајте го со 2-4 лажици шеќер (по вкус).  Од 400 мл ладно млеко одземете 6 лажици и добро промешајте ги со смесата од пудинг и шеќер. Внимавајте, не треба да има грутчиња.

Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од оган и додајте го разматениот пудинг, па мешајќи гответе уште 1-2 минути. Во топлиот пудинг додајте го растопеното чоколадо и црното кафе.

Излејте го во подлабок сад, покријте го со проѕирна фолија и оставете целосно да се олади. Путерот омекнат на собна температура пенасто изматете го и додајте го во изладениот пудинг.

Сето добро промешајте го и распоредете го врз изладениот бисквит. За глазура, растопете го путерот, тргнете го од оган, измешајте го искршеното чоколадо и мешајте додека да добиете мазна структура.

Колачот добро изладете го, а потоа прелијте го со чоколадната глазура. / Сoolinarika.сom