Компир салата: секогаш вкусна и секогаш може различно да се приготви

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 4 ЛИЦА:

1 кг компир

100-150 мл маслиново масло

1 лажица сенф

Неколку лажици лимонов сок

1 црвен кромид исечкан на коцки

1 рака сечкан магдонос

1 лажица вегета, сол и црн пипер по вкус

ПОСТАПКА:

Компирот излупете го и сварете го во солена вода. Додека компирот се вари, направете маринада од сите состојки (освен магдонос).

Добро измешајте и оставете на страна додека компирот да биде готов. Варениот компир исцедете го од водата и додека е топол исечете го на дебели коцки или тркалца.

Исечениот компир не чекајте да излади, туку веднаш прелијте го со дресингот и добро измешајте.

На крај наросете со магдонос. Оставете да излади или уште додека е млак послужете го.

Loading...