Компир манџа со колбавче, брзо и многу вкусно јадење

Уште едно вкусно јадење „на лажица“. Домашни колбаси, компир, кромид….

Потребни состојки:

1 поголема главица кромид
2-3 лажици масло
1-2 домашни колбаси (количина по избор, може и повеќе)
3-4 поголеми компири
1 лажица сув зачин
1 лажица црвен, мелен пипер
Сол, црн пипер и лист од магдонос

Постапка:

Исечкајте кромид, па со масло и малку вода издинстајте го. Кога ќе испари течноста и ќе остане кромидот во масло, додадете го компирот исечкан на крупни коцки и налејте вода да се покрие.

Додадете сув зачин и оставете полупоклопено да се вари околу 15 минути. Долејте уште малку вода и оставете уште 15 минути да крчка, па проверете дали компирот е сварен.

Секогаш варете со помалку вода, зошто во секое време може да додадете уште малку топла вода. Ако имате од почеток многу вода, тогаш ќе треба да варите подолго време за да испари, а компирот ќе ви се распадне.

На крајот кога компирот е готов проверете дали има доволно вода, пробајте, досолете и ставете уште малку црн пипер по вкус и наросете со ситно сечкан магдонос.

компир манџа
Loading...