Колку повеќе ја јадете чорбата, толку повеќе слабеете-нема шанси да не ослабете!

За некои овој рецепт не е непознатица. За некои е многу вкусна, а само на малкумина им пречи мирисот на зелка или мирисот на целер.

Зелката и целерот всушност се базните намирници на кои им се додаваат уште неколку компоненти за да се засили дејството и да се забрза топењето на салото.

Освен супата имате и седумдневно мени на кое би било одлично да се придржувате.

Нема шанси да не ослабете доколку се придржувате на основните правила: никако алкохол, благо, газирано, леб, сувомеснато.

Откако ќе ја приготвите супата можете целото тенџере да го чувате во фрижидер или на тераса ако е ладно (за да не ви фаќа место) или да ја поделите во тегли уште додека е топла, да ги затворите (со што ќе се вакумираат) и откако ќе изладат да си вадите по потреба.

Оваа супа уште се нарекува и медицинска супа, диетална супа, супа за после прејадување и препивање…

Со користење на диеталната супа ќе бидете восхитени од резултатите за само неколку дена. Ви го претставуваме рецептот за диетална супа која сигурно ќе стане ваше омилено јадење.

Потребни состојки:

6 главици кромид со средна величина
3-4 домати или доматно пире, по вкус
1 мала главица зелка
2 зелени пиперки
500 г целер, корен и лист
1 коцка супа (или 2 петлови супи)

Постапка:

Исечкајте го зеленчукот, додадете вода, сол, црн пипер по вкус. Гответе го зеленчукот на висока температура 10 минути, а потоа намалете ја температурата на тивко и гответе додека зеленчукот да омекне.

Во текот на диетата не можете да консумирате брза храна, шеќер, алкохол, леб, газиран пијалак, било каква масна и димена храна.

МЕНИ ЗА СЕДУМ ДЕНА

Ден 1

Чинија супа и било какво овошје, освен банана. Може да пиете чај, кафе или вода.

Ден 2

Супа и зелен зеленчук (свеж, темно листест зеленчук). Не смеете да јадете пченка, зелен грашок или грав. За вечера, печен компир со малку растително масло.

Ден 3

Супа, овошје и зеленчук, но без компир.

Ден 4

Супа, овошје и зеленчук, вклучително и банани и млеко со низок % масти.

Ден 5

Супа, варено месо и домат.

Ден 6

Супа, варено месо и зеленчук (особено лиснато).

Ден 7

Чинија супа, варен ориз со зеленчук, овошен сок, свежо цеден.

Во текот на диетата пијте повеќе вода и комбинирајте ја исхраната со умерена физичка активност.

loading...