Спасете го вашиот партнер и себеси од неговото ‘рчење

Голем број луѓе мака мачат со спиењето, бидејќи нивните партнери цела ноќ гласно ’рчат.

Тоа може да биде многу исцрпувачки и да влијае врз здравјето.

’Рчењето може да биде предизвикано од многу причини, но најчесто го предизвикува вишокот слуз.

Значи, со цел да се намали или да се  спречи ’рчењето, потребно е слузта да се отстрани од дишните патишта.

Ова е многу ефикасен домашен лек кој е сосема природен и лесно се приготвува: помага во елиминација на вишокот слуз, а со тоа го намалува и ’рчењето.

Овој напиток се консумира пред легнување.

Еве како се приготвува.

Потребни состојки:

2 моркови

2 јаболка

¼ лимон

½ чаша вода

1 парче (2 см) ѓумбир

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да добиете изедначена смеса.

Употреба:

Овој напиток се пие неколку часа пред спиење. Исто така, многу е важно да се одбегнува следнава храна и пијалаци:

-Пржена храна

-Процесуирана храна и газирани пијалаци

-Консумирање на алкохол

-Зголемената конзумација на чоколадо

-Храна која е тешко сварлива

‘Рчењето е безопасно во повеќето случаи, но ако редовно се доживува прекинато дишење или постојат потешкотии при спиењето, особено ако се јавува апнеа, потребно е да побарате медицинска помош.

Loading...