Пита со праз за појадок, ручек или вечера: мешате сè и печете

Фото и рецепт: Влатко Стојовски

Многу вкусна пита и многу едноставна за приготвување!

Потребни состојки:

3 јајца
1 шолја (250 мл) кисело млеко или кисела вода (јас со вода ја правам и досега супер ми излегува)
½ шолја масло
2 шолји брашно
1 прашок за печиво
на врв на лажичката сода бикарбона
2 страка праз
сирење или урда по желба
сол по вкус

Постапка:

2 јајца и една белка се мата со жица, па се додава кисела вода и масло. Се меша а потоа се додава брашното на кое му биле додадени прашокот за печиво и содата. Повторно се меша и се додава сирењето и празот.

Целата смеса се истура во подмачкан плех 28 (за двојна доза се користи плех бр.36).

Се премачкува со останатата жолчка и се поросува со ленено семе и сусам. Се остава 15 минути и се пече.

Фото и рецепт: Влатко Стојовски

Loading...