Home посни колачи КОЛАЧИ ЗА МЛАДЕНЦИ…Јадете, сакајте, играјте, месете, пејте, љубете, гушкајте…и не заборавајте сѐ...

КОЛАЧИ ЗА МЛАДЕНЦИ…Јадете, сакајте, играјте, месете, пејте, љубете, гушкајте…и не заборавајте сѐ да залиете со мед…

КОЛАЧИ ЗА МЛАДЕНЦИ…Јадете, сакајте, играјте, месете, пејте, љубете, гушкајте…и не заборавајте сѐ да залиете со мед…22 март се МЛАДЕНЦИ и по тој повод се приготвуваат овие вкусни медени колачи:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт на Драгана Ѓорѓевиќ):

1 кг брашно
1 коцка квасец
400 мл млака вода или по потреба
6 лажици шеќер
150 мл масло
1 прстогат сол
рендана кора од лимон/портокал по вкус
ванила, зачин чурек, мед, ореви

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ – Постапка ОВДЕ.

650 г меко брашно тип 400
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка сол
4 лажици шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
250 мл млака вода
100 мл масло + малку масло за премачкување пред печењето
сок од 1 лимон
За премачкување мед и мелени ореви за наросување

сладете се со младенчиците

РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт на Даниела Китановиќ – постапка ОВДЕ):

-малку млака вода, 2 лажици шеќер, 25 г квасец и малку брашно за квасецот да се промеша и активира
200 мл газирана млака вода
70 мл масло
50 г или 5 лажици шеќер
1 лимон – сок и рендана кора
малку цимет по желба
650 г брашно +-
1 лажичка сол
За премачкување мед и ореви

ПОСТАПКА за рецепт 1:

1.Од наведените состојки замесете средно меко тесто. покријте го и оставете го да ферментира додека да го зголеми волуменот.

2.Развлечете го во кора со дебелина 1.5 см. Со чаша или модла вадете колачи и редете ги во плех.

3.Оставете ги да ферментираат и да го зголемат волуменот, 15-тина минути. Со гранче од босилек боцнете ги неколкупати.

4.Печете ги во загреана рерна на 180-200 степени додека малку да заруменат. Додека се топли премачкјате ги со мед и посипете ги со мелени ореви.

ПРОЧИТАЈТЕ: Нека им се со среќа на младенците! Чурек со локум и суво грозје (слатка погача) – ОВДЕ.

Фотографија на Даница Данче Стојева