КОЛАЧЕНЦА СО ЈАБОЛКА КОИ ВИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА: Тестото се прави брзо и не треба да отстојува, а кифлите можат да бидат разновидни…Еве што ви е потребно според рецептот на Халима:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г путер на собна температура
1 чаша шеќер во прав (120 г)
1 јајце
1 лажица оцет
1 лажичка ванилин шеќер (5 г)
1 лажичка прашок за печиво (5 г)
4 чаши брашно (480 г)

За фил:

4 или 5 јаболка
1 мала чаша шеќер (120 г)
1 мала чаша ореви
1 лажичка цимет во прав
шеќер во прав за посипување на кифличките

ПОСТАПКА:

Јаболката изрендајте ги и заедно со шеќерот издинстајте ги додека да испари вишокот сок што ќе го испуштат. Во омекнатите јаболка додајте ситно сечкани ореви и цимет, па измешајте. Филот е готов, па оставете го да се олади.

Во подлабок сад измешајте го путерот со шеќер во прав, па додајте ги јајцето и оцетот и продолжете со мешањето.

Постепено додавајте брашно, прашок за печиво и ванила и замесете меко тесто. Поделете го тестото на 3 еднакви делови.

Првиот дел од тестото ставете го помеѓу 2 листа хартија за печење и развлечете го со оклагија. Врз него притиснете поголем капак од тенџере за да добиете тркалезна кора.

Исечете го на 8 триаголници, а потоа направете мали засеци на секој од острите агли, а на поширокиот дел ставете фил и завиткајте во кифличка.

Обликуваните кифлички наредете ги во плех обложен со хартија и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути колку сосем малку да заруменат, во зависност од рерната.

Колачите треба да останат светли. Оставете ги да се оладат па посипете ги со шеќер во прав.

На здравје сладење! Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ТУКА.