Страчатела колачот со кокос е многу вкусен и лесен која се подготвува без печење, а како основа се користат бисквити. Овие нежни, кремасти коцки со крцкави чоколадни парчиња ќе ве освојат веднаш по првиот залак. Се топи во уста.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: околу 400 г бисквити (јас користев со путер, а вие употребете кои ви се највкусни), 250 г путер, 200 г чоколадо (јас користев млечно), 1 литар + 250 мл млеко, 3-4 пудинзи со вкус на крем или ванила, 5 супени лажици шеќер, 5 супени лажици кокос + уште еден грст за наросување одозгора, и вашиот омилен џем за премачкување на бисквитите.




ПОСТАПКА: Во поголемо тенџере сварете го млекото (1 литар) со шеќерот и кокосовите снегулки. Во преостанатата чаша млеко (250 мл) растворете го прашокот за пудинг додека да добиете еднолична смеса без грутчиња.




Намалете го огнот или потргнете го тенџерето малку на страна и со постојано мешање постепено додајте го растворениот пудинг. Вратете го тенџерето на оган и сварете го пудингот со непрекинато мешање додека да се згусне. Користете три или четири кесички во пудинг, во зависност од тоа колку згуснуваат.




Сварениот пудинг префрлете го во некој друг сад и покријте го со проѕирна фолија за да не се формира на површината дебела кора. Јас секогаш одвечер го варам пудингот и го оставам да се лади, па следниот ден го приготвувам кремот.




Чоколадото исечкјате го со нож на струготини со неправилни парчиња или ако ви е полесно сомелете го во некој процесор/блендер. Меѓутоа, внимавајте да не ви се претвори во вид на брашно, за страчателата да ја добие својата специфична текстура потребно е да има парчиња чоколадо.




На страна пенасто изматете го путерот додека да се претвори во крем, па започнете во него да довате лажица по лажица од изладениот пудинг. матете непрекинато додека да се соединат. Во добиената смеса додајте 2/3 од сечканото чоколадо и нежно промешајте со шпатула додека се изедначат.




РЕДЕЊЕ: На дното од плех со димензии 36х24 см обложен со хартија за печење наредете го првиот слој бисквити. Преку нив намачкајте тенок слој џем (јас користев џем од грозје), а може да користите и лешников крем или растопено чоколадо.




Рамномернио распоредете една третина од филот и израмнете. Наредете втор слој бисквити, па и нив премачкајте ги со џемот. Распоредете ја втората третина од филот, израмнете, па наредете го третиот слој бисквити.




Врз бисквитите премачкјате го остатокот од филот, добро израмнете и наросете одозгора со преостанатото сечкано чоколадо и еден грст кокосови снегулки. Лесно притиснете со шпатулата или со дланка за да се втиснат во кремот.




Вака приготвениот колач ставете го во фрижидер да се стегне на најмалку 4-5 часа, но најдобро е да отстои преку цела ноќ за да омекнат бисквитите и да зацврсти. Рецептот е на вкусниот блог ОВДЕ.