Рецепт и видео презентација на Том Филос. Колачот лесно се приготвува: ги матите сите состојки, печете и прелевате со чоколаден вкусен сируп кој на колачот Црна дама му дава божествен вкус. Како контраст на неговата боја и текстура декорирате со лесен шлаг…

За да го приготвите овој колач ќе ви бидат потребни следните состојки: 500 мл јогурт, 100 мл масло, 250 г шеќер, 300 г брашно, 2 лажички сода бикарбона и 2 лажици какао. Колачот се приготвува во плех со димензии 22х30 см. Ќе би биде потребно уште малку путер за намастување на плехот.

За прелив: 150 мл млеко, 200 г путер/маргарин, 150 г шеќер и 100 г чоколадо за готвење. За декорација: 200 г прав за шлаг пена и 200 мл ладно млеко. Постапка: Во подлабок сад ставете половина литар јогурт на собна температура, 100 мл масло и 250 г шеќер, па убаво со жица за матење соединете ги состојките.

Мешајте додека шеќерот да се растопи. Потоа постепено додадете го брашното, а за сето време мешајќи со маталката. Додадете и две лажички сода бикарбона и две лажици какао во прав. Плех со димензии 22х30 см убаво намастете го со путер или маргарин.

Потоа во него излејте ја добиената смеса. Протресете го плехот за убаво да се распореди, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Печениот колач ставете го на страна да излади. За прелив: Во тенџере на оган ставете 150 мл млеко, 200 г путер, 150 г шеќер и 100 г чоколадо искршено на коцки.

Загревајте на тивок оган додека да се растопат состојките и да се добие изедначена смеса. Штом зоврие исклучете го огнот, преливот треба да е готов. Ладниот колач рамномерно прелијте го со врелиот чоколаден прелив и оставете го на страна за да го впие целосно.

Во меѓувреме изматете го шлагот: 200 г шлаг пена пенасто изматете со 200 мл ладно млеко од фрижидер. Со миксерот матете додека да добиете цврст шлаг. Колачот исечете го на коцки и декорирајте со шлагот врз секоја коцка. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото: