Кој досега не правел колачи, еве еден рецепт кој на сите им успева – брзо се прават, ама и брзо се јадат

Фотографија и рецепт на Јелена Мишиќ. Нека не ве буни количината на состојките, иако ви се чини дека е малку, сепак да знаете дека излегуваат преку 50 колачиња, една преполна голема чинија.

Ако досега не сте се осмелиле да правите колачи, обидете се со овој зошто е прелесен, брз, едноставен и на секој што го пробал, му успеал. Колачите навистина брзо се прават, но и брзо се јадат, па така, веднаш засукајте ракави и за втора доза. Верувам, нема некој што не ги сака колачињата со чоколадо – познатите Cookies.

Потребни состојки: 2 јајца, 300 г брашно, 160 г шеќер, 120 г путер/маргарин на собна температура, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер и 200 г чоколаден чипс или сечкано ситно

Постапка: Во подлабок сад со жица изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот додека да се растопи, па додадете го омекнатиот путер исечкан на ленти. На крај додадете го брашното со прашокот за печиво и убаво замесете додека тестото да се изедначи и да се одвојува од ѕидот на садот.

Потоа додадете 200 г чоколадо исечкано или во вид на чипс, а ако немате баш 200 грамови може да ставите и помалку. По правило тестото треба да отстои малку во фрижидер, половина час, но јас обично не го чекам. Од него се формираат топчиња со величина на помал орев и се редат во плех обложен со хартија за печење.

Во еден голем плех со стандардна величина обично ми собира 20 топчиња, бидејќи помеѓу нив треба да се остави растојание. Кексите многу брзо се печат, штом малку заруменат, вадете ги.

На секој рерната му е различна, јас ги печам во загреана рерна на 220 степени околу 10-тина минути. Ги вадам штом забележам дека одоздола зарумениле. Превкусни се, сите ги сакаат, се прават брзо.

Нема тука некоја филозофија, секој може да ги направи. Уште да напоменам, кога ќе ги извадите од рерна уште се меки, но брзо се ладат и стануваат такви какви што треба да бидат.

Фотографија и рецепт на Јелена Мишиќ

Претходна статијаСочни, шербетни урмашици со бадем, најдобар рецепт, се прават на ренде
Следна статијаКолач ЦРНА ДАМА со чоколаден прелив кој му дава сочност и божествен вкус – едноставен рецепт