РАФАЕЛО ТОРТА за 25 минути – за неа велат дека е кралица меѓу тортите

Дали сакате да ги восхитите гостите кои го сакаат кокосот или да се почестите себеси и своите најмили? Со оваа торта од кокос нема да згрешите – нема никој да остане рамнодушен. Во неа се ужива со секој залак…

Потребни состојки:

6 белки

130 г шеќер

Loading...

6 лажици брашно

130 г кокос

1 лажица прашок за печиво

Прво со миксер изматете ги белките, па додадете шеќер, па на крај со лажица додадете брашно, кокос и прашок за печиво. Тркалезен калап обложете со хартија за печење, излејте ја смесата и печете на 160 степени. Печената кора кога ќе излади пресечете ја хоризонатлно, така да добиете две кори.

За прелив:

260 слатка павлака

220 г бело чоколадо

130 г лупени мелени бадеми

Слатката павлака ставете ја на оган, па кога ќе биде врела (пред да зоврие) ставете го во неа белото чоколадо и мелените бадеми. Добро промешајте и оставете да излади.

За фил:

500 мл млеко

80 г шеќер

1 пудинг од ванила

6 жолчки

70 г путер

250 г слатка павлака за шлаг

Одвојте малку од млекото околу 100 мл, па во него промешајте го пудингот со жолчките, а остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете ги на оган да зовријат. Сварете го пудингот со постојано мешање додека да згусне. Оставете да излади, па кога е млак, во него додадете го путерот. Целиот крем добро изладете го за да можете во него да ја вмешате измиксаната слатка павлака.

ФИЛУВАЊЕ: кора, прелив од бадеми, крем, кора, прелив од бадеми и крем.

coolinarika.com

Loading...