Ако ви треба некој брз и вкусен колач, верувајте дека овој ќе ви стане омилен. Се приготвува од состојки кои веќе ги имате во кујна, сè се мери со лажица и се мати во еден сад, а потоа само треба да се испече. Колачот го јадеме уште додека е топол зашто сме нестрпливи и ретко кога ни останува да го пробаме изладен. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 12 лажици шеќер, 12 лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 12 лажици масло, 12 лажици млеко, 3-4 лажици мелени ореви. ЗА ПРЕЛИВ: 50 г чоколадо за готвење, 100 мл млеко, 2 лажици путер или маргарин, 5 лажици шеќер




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад пенасто изматете ги јајцата. Започнете постепено да го додавате шеќерот и матете сè додека тој да се раствори, а јајцата да осветкат и згуснат како крем.




Потоа додајте го млекото во тенок млаз додека непрекинато матите, па на ист начин додајте го маслото. Во друг, посебен сад измешајте го брашното заедно со прашокот за печиво, па преку сито додајте го смесата со јајца.




Намалете ја брзината на миксерот и малку изматете колку да се соедини брашното и да нема грутчиња. На крај додајте ги мелените ореви и промешајте со лажица. Тестото треба да густо, полутечно, како за секој бисквит.




Подгответе некој помал калап, намастете го и набрашнете го (вишокот истресете го за да не се прават грутчиња), па излејте ја смесата, протресете и израмнете, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути.




Проверете со чепкалка кога е готов колачот (ако излезе сува кога ќе ја боцнете на неколку места, значи дека добро се испекол). Додека се пече бисквитот треба да го направите и преливот, зашто колачот се залева додека е врел.




Сите потребни состојки ставете ги во едно помало тенџерче на умерена температура. Мешајте додека сè да растопи и соедини, а кога ќе зоврие тргнете го и ставете го покрај топлата рингла за да се одржува топлината.




Печениот бисквит извадете го од рерната, почекајте неколку минутки, па исечете го на коцки и полека, внимателно залијте го со топлиот прелив. Декорирајте го со парчиња чоколадо или мелени ореви, а може и со шарени трошки. Послужете го топол, нам таков ни е најубав. Сoolinarika.сom