Фото и рецепт: Агица

Сочен колач со кокос, без јајца, без путер, дури ни миксер не треба!

Рецептот го пронајдов на интернет, а она што најмногу ме привлече, освен состојките – е неговата брзина на приготвување.

Потребни состојки:

чаша од 200 мл

2 чаши јогурт
1 чаша шеќер
1 чаша кокосово брашно
1 чаша пченичен гриз
1 прашок за печиво

Прелив за кора:

300 мл вода
4 лажици шеќер
1 ванилин шеќер

Фил:

1 литар млеко
3 пудинг од ванила
Шеќер по вкус
Шлаг или слатка павлака

Постапка:

Прво сварете го преливот, ставете вода со шеќер на оган, да се растопи шеќерот, па оставете да излади.

Кора: сите состојки по ред изматете ги со обична маталка или лажица, да се соединат, па смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех 21х30 и ставете во претходно загреана рерна, на 180 степени, околу 20 минути.

Додека се пече кората, сварете го пудингот во млеко, ставете шеќер по вкус.

Топлата кора веднаш по вадењето од рерна, прелијте ја со изладениот прелив, почекајте неколку минути да впие, па прелијте го топлиот пудинг врз кората.

Кога колачот ќе излади изматете шлаг или слатка павлака и премачкајте одозгора.

Овој колач се прави за половина час, многу е вкусен и практичен, бидејќи секогаш можете да ги менувате пудинзите по желба и секојпат да добиете нов колач.