Лицето буквално ми се трансформираше: На сите им го кажувам рецептот со кој ми се испеглаа брчките за неколку дена

Отсекогаш за лицето си приготвувам домашни креми, а оние купечките со безброј отрови во нив ги одбегнувам колку што можам повеќе.

Бидејќи по одреден период, кожата на лицето се заситува и веќе не реагира на истиот крем како на почетокот, затоа е потребно повремено да се менуваат состојките на кремот што се користи.

Па така, се сетив на еден крем од 4 состојки, кој одамна го немав приготвено, но овојпат изменив една состојка. Имено, наместо маслиново или бадемово масло, ставив арганово масло, според искуствата на бројни жени – едно од најдобрите масла со подмладувачки ефект.

Loading...

Откако почнав да го користам, за само неколку денови забележав огромна разлика во текстурата на кожата. Таа како да се испегла и затегна, а дури и малку се осветли тенот. За сите кои сакате да се обидете со природен, домашен крем, овој рецепт срдечно ви го препорачувам.

Овој домашен крем е идеално средство за нега на кожата: хидрира, го изедначува тенот, ги намалува видливите брчки и го успорува процесот на стереење на кожата. Им одговара на сите типови на кожа. Видливи резултати има за само седум дена.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 супена лажица арганово масло
1 жолчка
1 чајна лажица мед
2 чајни лажици вазелин

ПОСТАПКА:

Вазелинот растопете го на водена пареа. Ќе ви бидат потребни неколку минути. Тргнете од оган и додадете ги останатите состојки: мед, жолчка и масло.

Претходно жолчката убаво изматете ја со медот и маслото, па кога ќе ја додавате во млакиот вазелин, внимавајте да не ви се свари и да не ви се направат грутки.

Сите состојки добро промешајте ги. Мешајте неколку минути, додека да добиете хомогена смеса.

Добиениот крем складирајте го во кутивче од 50 мл.

Со лесни движења се нанесува на чиста кожа. После 30 минути се отстранува вишокот со помош на памукче натопено во минерална вода или со влажно марамче за лице.

Напомена: кремот се впива во кожата подолго од еден час, така што треба да го нанесувате на лице барем два часа пред спиење. Кремот се чува во фрижидер.

Кога ќе се потроши, направете уште една доза.

Бидејќи сите состојки се природни, не правете дупла доза веднаш, за да не ви се расипе.

Loading...