Кога сакам моите дома да ги расположам после работните обврски преку целиот ден кои ни се натрупани, го правам овој вкусен колач и сите дома сме повесели. Еве накратко ќе ви кажам како се прави, па после ќе ви го покажам и рецептот:




Значи состојките се мешаат за неполни 5 минути, се става на печење, а потоа се прави глазура која се прелива врз колачот. Ете толку. Наједноставно, а сепак вкусно и многу економично. Еве што ќе ви биде потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 јајце, 200 г шеќер, 100 мл млеко, 200 мл масло, 2 рендани јаболка, 170 г гриз, 200 г брашном 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажичка цимет. ЗА ГЛАЗУРА: 4 лажици шеќер, 4 лажици масло, 4 лажици млеко.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад скрешете го јајцето, па додајте 200 г шеќер. Започнете да матите со миксер додека смесата да го зголеми својот волумен и да стабе пенаста. Потоа додајте го млекото и продолжете да матите со миксерот.




Додајте масло, рендани јаболки без лушпи, гризот (семолина), брашното, прашокот за печиво и циметот. Продолжете да матите со миксерот додека сите состојки подеднакво да се соединат, а смесата да биде нешто погуста од онаа за палачинки.




Доколку е потребно, колачот може да се измеша и со лажица за смесата да биде покомпактна. Во еден плех со стандардна големина, обложете хартија за печење и излејте ја смесата за колачот. Колачот се израмнува и се става на печење.




Печете во претходно загреана рерна на 170 степени, околу 20 минути. Во меѓувреме подгответе ја глазурата на вообичаен начин: чоколадото се крши на коцки, се додава млекото, маслото, шеќерот и на рингла се растопува.




Кога кората на колачот ќе се испече, се избоцкува со чепкалица и одозгора се прелива со чоколадната глазура. Потоа колачот се сече на коцки и веднаш се послужува бидејќи никој не може да одолее на него. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.