За овој ролат не ви е потребна ниту рерна, ниту дополнително готвење. Сите состојки се мешаат рачно, а смесата се премачкува врз лист обланда и се витка ролатот.

Ете толку е едноставно, а вкусот е неверојатен. Рецептот го имам веќе 10 години и ми го бараат и помладите снаи на моите сосетки.

Нема да згрешите доколку го направите, а покрај тоа не ви е потребна посебна вештина и големо искуство во кулинарството. Доволно е да ги имате состојките и со љубов да го направите за дополнително уживање. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лист обланда, 100 г бисквити, 100 г ореви, 100 г суви сливи, 100 г суви смокви, 100 г урми, 100 мл вода, 50 г шеќер, 50 г путер/маргарин, неколку капки рум за вкусна арома (ова е опционално)

ПОСТАПКА: Обландата се става да отстои помеѓу две влажни крпи за да омекне и да не се прекрши при виткање на ролатот.

Настрана изблендирајте ги бисквитите додека да се сомелат во прав без поголеми остатоци од нив, а може да користите и готова мелена плазма.

Сипете ги во еден сад, а потоа сомелете ги оревите и додајте ги во бисквитите. Следни изблендирајте ги сливите. Урмите и смоквите се сечкаат ситно, тие не се блендираат, бидејќи може да се залепат за блендерот.

Во едно тенџере ставете ја водата, па во неа додајте го шеќерот и путерот, па додајте неколку капки рум (доколку го сакате неговиот вкус).

Малку промешајте и смесата ставете ја на рингла да зоврие со повремено мешање додека целосно да се соединат состојките.

Оревите, бисквитите и сувото овошје се соединуваат заедно во еден подлабок сад и се додава сирупот (шербет). Се меша со дрвена лажица додека да се направи убава и густа смеса која се премачкува врз обландата.

Смесата убаво се распоредува одозгора и потоа од подолгиот крај внимателно се витка во ролат.

Убаво се затегнува и се витка во најлонска и алу-фолија, па се става во фрижидер неколку часа додека убаво да се стегне (околу 1-2 часа).

Потоа се сече на помали парчиња и се послужува. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.