Ова е најдобриот природен лек за акни и проблематична кожа

Можете и сами да си го направите најдобриот природен лек за акни, кој е многу подобар од купечките лосиони и креми. Научниците потврдуваат дека ова е најдобриот лек за акни, мозолчиња, митесери и иритација на кожата.

БИЛКАТА МОРА ДА ЈА ОДГЛЕДАТЕ ВО ВАШАТА ГРАДИНА ИЛИ ДА БИДЕ НАБРАНА ОД ЧИСТО ПЛАНИНСКО МЕСТО

Новите истражувања од Leeds Metropolitan University покажуваат дека билката мајчина душичка е најдобра за лекување на акни. Истражувачите тестирале како мајчината душика и невенот делуваат врз бактериите кои се причина за појава на акни.

Иако невенот е поделотворен за уништување на бактериите кои предизвикуваат воспаление на порите – за само пет минути, мајчината душичка се покажала како многу подобра и поефикасна.

Мајчината душичка има посилно антибактериско делување од бензоил пероксидот, составен дел од препаратите против акни.

За да се искористат во целост лековитите својства на мајчината душичка, потребно е да се нанесува повеќе денови врз проблематичната кожа.

ТИНКТУРА ОД МАЈЧИНА ДУШИЧКА:

Тинктурата од мајчина душичка е најдобриот лек за акни а многу едноставно се приготвува и се користи во текот на целата година.

Потребни состојки:

Една рака или две свежа билка со цветчиња и

Домашна ракија направена од житарици или овошје 38-40% алкохол.

Постапка:

Измијте ја добро билката, исполнете ја стаклената тегла, прелијте со ракија, затворете и добро протресете. Оставете да отстои 14 дена на сонце или во близина на некој друг извор на топлина. Потоа процедете а добиената тинктура скадирајте ја во соодветен сад.

Користете по потреба.

ЧАЈ ОД МАЈЧИНА ДУШИЧКА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА АКНИ:

Важно е да се запмтат две правила: никогаш не приготвувајте чај во отворен сад и секогаш користете доволна количина од билката. Мајчината душичка содржи лековити состојки кои лесно испаруваат.

Ако се приготвува чајот во отворен сад, тие состојки ќе испарат, па чајот ќе нема лековито својство. Исто така, ќе го нема потребното лековито дејство доколку има премалку количина од билката.

За да сварите добар чај од мајчина душичка:

Една чајна лажичка мајчина душичка прелијте со 200 мл врела вода, поклопете и после половина час процедете. Засладете со мед и дајте му на детето да пие три до четири шолји чај дневно. Чајот е одличен и за вас.

КОГА СЕ БЕРЕ МАЈЧИНАТА ДУШИЧКА?

Се бере преку целото лето: на мирно, топло и сончево време – од 10 часот претпладне до попладневните часови, бидејќи тогаш билката е најмирисна.

Не се корне, туку се сече на одговарачка должина. Се суши во тенок слој, на проветно и топло место, подалеку од сонце и прашина. Повремено треба лесно да се превртува, за да може рамномерно да се исуши.

Претходна статијаСтавете лимон со сол покрај креветот: можеби ќе ви го спаси животот без да знаете за тоа!
Следна статијаКолач со банани готов за 10 минути