Пред неколку дена го пробав овој колач и навистина уживав во него. Лесен крем, слатко-кисела комбинација, лесно за приготвување, одлично!

Постојат слични рецепти, но не се исти како оваа верзија.

Потребни состојки:

1 компот од вишни
13 лажици шеќер
8 лажици гриз
2 пудинг од ванила
1 литар млеко
4 лажици густин
1 путер / маргарин од 250 г
500 мл слатка павлака за шлаг
Бисквити по потреба

Постапка:

Вишните процедете ги, а во сокот додадете вода за да добиете 700 мл течност. Вратете ги вишните во сокот и сварете ги со 7 лажици шеќер. Кога ќе проврие додадете 8 лажици гриз. Уште додека е врело излејте ја смесата во плех обложен со бисквити на дното.

Во млекото сварете го пудингот со густин и 6 лажици шеќер. Кога ќе зоврие тргнете го од оган и ставете го путерот. Добиениот крем уште додека е врел прелијте го врз кремот од вишни.

Кога ќе излади колачот одозгора нанесете шлаг. Изладете го добро во фрижидер, исечете коцки и послужете.