Сигурно сте слушнале дека некои луѓе се зависници од благо, или пак истото сте го почувствувале на своја кожа.

Кога внесувате многу шеќери, тогаш создавате услови за акумулирање на вишок слуз во вашиот организам, а слузта е одлична подлога за раст и развој на габички и бактерии.

Најдобриот начин за да се уништат овие штетни паразити е употребата на природни, здрави и ефикасни методи за чистење.

Треба да се одбегнува шеќерот и јагленохидратите (житариците), одобено белото брашно, колку што можете повеќе, доколку сакате да остварите најдобри резултати.

А кога ќе го исчистите своето тело од токсините, ќе бидете повторно свежи и полни со енергија!

Еве кои состојки се потребни за да го направите овој домашен рецепт за чистење од паразити, слуз и талози во дебелото црево:

Потребни состојки:

100 г ленено семе
10 г суво каранфилче

Постапка и употреба:

Сè што треба да направите е да ги сомелете овие состојки во мелница или блендер, додека да добиете фин прав.

Употреба:

Потребно е да консумирате по 2 лажици од овој прав секое утро во текот на три дена. Можете да го измешате овој прав со топло бадемово млеко, или можете да го додадете во вашата лимонада.

После три дена, треба да направите пауза од исто толку (три) дена и да повторите сè од почеток.

Третманот трае еден месец. Ако сакате целосно да се исчистите, треба неколку пати годишно да го повторувате овој процес на чистење.

Сите знаеме дека паразитите се штетни микроорганизми кои го трујат организмот на домаќинот со токсините кои тие ги испуштаат при својот метаболизам.

Исто така, во организмот се создаваат метаболни продукти од разни хемиски процеси кои се одвиваат во нашиот организам и без присуство на паразити. Доколку овие метаболни продукти не се исфрлаат или разложуваат, тие се таложат и предизвикуваат проблеми.

Паразитите начесто живеат во цревата, имаат различен облик и може да напредуваат и да се шират низ целото тело. Се хранат со шеќери и сè останато што се претвора во шеќер.

Значи, доколку имате потреба за благо, веројатно имате проблем од ваков вид.

Треба да се воздржите и да не јадете слатки, бидејќи кога внесувате премногу шеќер, тогаш создавате поволни услови за создавање на вишок слуз која е совршена за размножување на микроорганизмите. И не заборавајте претходно да се консултирате со вашиот лекар или нутриционист.