ПОИНАКВА ПИТА СО СИРЕЊЕ, НО СЕПАК НАЈДОБРА!

Вкусот на оваа пита ме потсети на питата со квасец која ја правеше баба ми. Корите се премачкуваат со смеса во која се става квасец, јајца, млеко, масло и брашно и се става фил од јајца и сирење. Се приготвува од готови кори а изгледа како вие да сте сучеле со оклагија. На сите дома многу ни се допадна…

Потребни состојки:

500 г готови кори
500 г сирење
3 јајца
Масло, сол

За премачкување:

1 сув квасец, малку шеќер и малку сол
3 јајца
4 филџани за кафе (од 100 мл) млеко
2 филџани масло
22 лажици брашно

Постапка:

Loading...

За премаз: Квасецот растворете го во малку млака вода со шеќер. Кога квасецот ќе се активира измешајте го со останатите состојки: јајца, брашно, сол, млеко и масло. Сето добро промешајте го со лажица, а може и со миксер. Тестото добива густина исто како за палачинки.

За фил од сирење: Сирењето издробете го, па измешајте го со изматени јајца и по вкус досолете.

Ставете една кора па со четка премачкајте ја целата со приготвениот намаз. Поклопете со друга кора, премачкјате ја, ставете трета кора, па и неа премачкајте ја. На третата кора ставете фил од сирење.

Ивиците од корите малку подвиткајте ги кон внатре за да не излегува филот, па свиткајте во ролна. Вака приготвените ролнички наредете ги во намастен плех и печете во загреана рерна на 220 степени, додека да зарумени, околу 35-40 минути.

Loading...