Суви состојки за тестото, се користи шолја од 200 мл:

1 шолја брашно

1 шолја шеќер

1 шолја гриз

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

За фил од свежо сирење:

500 г свежо сирење, несолено

1 јајце

1 лимон – рендана кора

1 ванилин шеќер

200 г кисела павлака

4 лажици шеќер или по вкус

За фил од вишни:

500 г свежи вишни (може и од компот, а може и цвреши)

3 лажици путер

3 лажици презла

3 лажици шеќер

½ лимон – сок

малку цимет

За прелив одозгора:

2 јајца

250 г млеко

250 слатка павлака за шлаг (без миксање)

2 лажици шеќер

Постапка:

Рерната вклучете ја да се загрее на 180 степени.

Тепсија број 30 намастете ја со масло (јас печев во бр.28 и состојките ми беа скроз до горе, па едвај успеав да го прелијам целиот прелив за одозгора).

Сувите состојки измешајте ги заедно и поделете ги во 3 чаши.

Во длабок сад измашајте ги состојките со свежото сирење.

Во тавче растопете го путерот и додадете презла, пржете неколку минути. Пржената презла тргнете ја на страна да излади, па додадете ги вишните, сок од лимон, шеќер и цимет. Измешајте.

Во трет длабок сад пригответе прелив од јајца, млеко, слатка павлака (течната павлака само истурете ја, не треба да ја миксате), млеко и шеќер.

Врз тепсијата прво истурете една чаша со сува смеса, па одозгора распоредете половина од вишните, одозгора распоредете половина од смесата со сирење, повторно чаша со суви состојки, преостанатиот дел од вишни, па преостанатиот дел од смесата со сирење и најгоре последната чаша со сува смеса.

Најпосле, прелијте со прелив од јајца и добро избоцкајте ја целата штрудла со виљушка на секои неколку сантиметри, за да дојде течноста до дното.

Оставете 10 минути да отстои.

Печете 45 до 55 минути на грејач (не со вентилаторска рерна), зависно од рерната. Во рецептот пишува 45 минути, но кај мене не беше доволно па печев подолго, можеби затоа што печев во помало тавче па беше повисока.

Пред да го послужете овој колач, прво треба добро да го изладите за да може коцките убаво да се сечат.