Многу вкусен колач кој се приготвува навистина за многу кратко време. Може да прочитате три рецепти за овој колач.

РЕЦЕПТ 1 Фото и рецепт: Наташа Николиќ. Потребни состојки: 150 г шеќер, 7 лажици мед, 200 г маргарин/путер, 100 г чоколадо за готвење, 100 г пропржен сусам, 100 г мелени бисквити, 100 г сечкани ореви, 100 г чоколадни топчиња (Чар на дар) и 1 лист обланда

Постапка: Растопете го шеќерот, медот и маргаринот, па додадете го чоколадото искршено на коцки. Кога убаво ќе се изедначи смесата, додадете ги и останатите состојки, добро промешајте и нанесете рамномерно врз лист обланда. Откако ќе излади и стегне, сечете на коцки или штангли.

РЕЦЕПТ 2 Потребни состојки: 7 лажици мед, 100 г шеќер, 250 г маргарин, 200 г чоколадо за готвење, 100 г препечен сусам, 150 г сечкани ореви, 1 мала кутија какао флипс (Чар на дар) околу 200 г. За прелив: 150 г чоколадо и 50 г маргарин

Постапка: На тивок оган растопете 250 г маргарин, мед, шеќер и чоколадо. Во тоа додадете препечен сусам и сечкани ореви. Добиената смеса измешајте ја со чоколадните топчиња. Внимателно мешајте додека да се изедначат состојките.

Добиената смеса разлејте ја во претходно подготвената четириаголна тепсија со средна величина, да биде со дебелина на прст. Одозгора прелијте со чоколадна глазура (состојките растопете ги и измешајте ги на тивко). Оставете добро да се стегне, па сечете на коцки.

РЕЦЕПТ 3 Потребни состојки: 130 г шеќер, 1 ванилин шеќер, 170 г маргарин, 100 г млечно чоколадо, 50 г чоколадо за готвење, 6 лажици мед, 100 г мелени ореви, 120 г чоколадни топчиња. За глазура: 100 г чоколадо, 50 г маргарин

Постапка: Сите состојки растопете ги на тивок оган и прелијте ги преку чоколадните снегулки. Добро соединете, измешајте, а потоа излејте ја смесата во калап и оставете колачот да излади. Потоа прелијте го со чоколадна глазура. Деталите погледнете ги во видеото: