Фотографија: Сања Масковиќ Лојо

I РЕЦЕПТ Потребни состојки: 500 г брашно, 90 мл маслиново масло, 200 мл суво бело вино, 2 лажички сол. За фил: 350 г варен спанаќ, 350 г Рикота или сирење по ваш вкус, 1 јајце, 100 г рендан кашкавал, 1 лажица лебни трошки, презла, сол, црн пипер и 1 разматено јајце за премачкување

Постапка: Пригответе ги сите состојки, а спанаќот сварете го и процедете го. Замесете го тестото: измешајте сол и брашно, па продолжете да мешате додека полека додавате масло.

После маслото додавајте го виното додека да се добие убаво мазно тесто. Поделете го тестото на два дела и покриено оставете го да отстои додека да се приготви филот.

Измешајте ситно исечкан спанаќ со рикота. Потоа додајте јајце, сол и црн пипер, а потоа и рендан кашкавал. Добро промешајте за да добиете изедначена смеса.

Двете половини од тестото развлечете ги во кори во форма на круг (30 см). Кружна тепсија обложете ја со хартија, и ставете ја првата кора. Наросете лебни трошки, означете со соодвете сад- круг во средината и уште еден прстен подолу.

Ставете фил во означените кругови а краевите премачкајте ги со разматено јајце. Потоа поклопете со другото тесто. Исечете го вишокот и целата погача порабете ја со помош на виљушка.

Потоа со стар нож од првиот круг започнете да сечете кон надвор, со ширина од 3 см. Потоа секој пресечен дел вртете го за 90 степени.

Средишниот дел премачкајте го со разматено јајце и наросете го со сончоглед. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу половина час, односно додека да зарумени.

Извадете од рерна и сервирајте на соодветна чинија, па послужете како топло или ладно предјадење или како “мезе” со пијалак.

II РЕЦЕПТ Потребни состојки: 500 г брашно, 200 мл млеко, 1 јајце, 1 жолчка, малку путер, 1 лажичка сол, 1 квасец и малку шеќер

Постапка: замесете тесто и оставете го да стасува. Потоа поделете до на два дела. Првиот дел се развлекува во кора со дебелина од 5-7 мм.

Пригответе фил со 300 г варен спанаќ и добро исцеден, 200-300 г фета сирење, 2 јајца, а може и малку сечкана шунка. Ставете што сакате, само филот не треба да биде редок.

Приготвената погача премачкајте ја со изматено јајце и печете на 200 степени околу 30 минути додека да зарумени.