Се прави многу лесно, баш е добар а рецептот ми го испратија од Јужна Америка. Дома сите го обожаваме бидејќи многу лесно се прави, а и според состојките спаѓа во екстра здрав колач.

Потребни состојки:

4 јајца

2 портокали

200 ореви или бадеми или лешници или кокос

½ лажичка сода бикарбона

100 г црно чоколадо

200 мл неутрална павлака за готвење

Постапка:

Најпрво портокалите потопете ги во раствор од сода бикарбона и оставете ги да отстојат половина час. Потоа гответе ги околу половина час додека да омекнат.

Сомелете ги добро во блендер, додадете ги јајцата и јаткастите плодови, претходно смелени, па малку сода бикарбона. Печете на 200 степени околу 20 минути.

На рингла проварете неутрална павлака па во неа додадете чоколадо додека да се растопи. Прелијте го готовиот и изладен колач. Разладете во фрижидер и послужете.