Неодоливи путер кифли без млеко и јајца

Потребни состојки за тесто:

1 кг брашно

500 мл вода

Loading...

1 коцка (50г) свеж квасец

3 лажици полни шеќер

1 лажица сол

100 мл масло

За премачкување:

-мајонез (посен или обичен)
-сусам

За прелевање:

250 г путер/маргарин

Постапка:

Во 500 мл топла вода растворете коцка квасец со 1 лажица шеќер.

Просеано брашно на собна температура ставете во вангла, додадете 2 лажици шеќер, 1 лажица сол, вода со квасец и 100 мл масло.

Замесете меко, со евентуално додавање уште малку брашно, тестото да биде мазно, меко и да не се лепи.

Се’ се работи веднаш, ниту квасецот ниту тестото не чекате да порасне.

Во зависност од тоа колка величина на кифли ја сакате, можете да го делите на поголеми или помали топчиња. Моите кифлички се отприлика со величина на помали векнички (како за сенвич). Значи, тестото поделете го на 5 делови, извалкајте малку со рака како колбас па со нож секоја исечете ја на 10, па и од секој дел направете мало топче.

Земете го првото топче кое сте го исучиле, малку развлечете со оклагија во облик на елипса и со рацете лесно свиткајте во кифличка.

Плехот подмачкајте го со путер/маргарин и кифличките редете ги на растојание зошто при стоење и печење доста нараснуваат.

Мене ми ги собира во два плеха, а ако се ситни ќе ви требаат три.

Оставете ги да одмораат околу 2 часа на топло место…

Пораснатите кифлички со четка премачкајте ги со мајонез и поросете ги со сусам.
Рерната загрејте ја на 220 степени и печете додека убаво да заруменат. Внимавајте да не се препечат.

250 г путер/маргарин растопете и загрејте – треба да биде врело.

Печените и топли кифли веднаш прелијте ги со топлиот путер, на секоја кифла по лажица-две, о оставете да изладат.

Нема да можете да престанете со јадење!

Доколку ги приготвувате за посна слава, прелијте ги со маргарин. Не мора да ги филувате со ништо, бидејќи сами по себе се неодоливи.

Loading...