Научниците истакнуваат дека овој витамин поволно делува на меморијата и го намалува ризикот од деменција – многумина го земаат за имунитет, но влијае и на здравјето на мозокот!

Знаеме дека витаминот Д игра клучна улога во зајакнувањето на расположението и ублажувањето на симптомите на депресија.

Научниците одлучија да ја истражат оваа очигледна поврзаност на витаминот Д со нервниот систем – со посебен фокус на тоа како витаминот Д влијае на когнитивната функција.

Во новата студија објавена од „Alzheimer’s & Dementia“, научниците од Универзитетот Раш и Универзитетот Тафтс се првите кои ги споредуваат факторите на когнитивното опаѓање со концентрацијата на витамин Д, не само во крвта, туку и во мозокот.

Една студија покажа дека витаминот Д во мозокот всушност го поддржува когнитивното здравје. Оние кои имале поголема концентрација на витамин Д во мозокот имале подобра меморија и побрзо ја перципирале околината.

Исто така, учесниците со поголема концентрација имале 25% до 33% помали шанси да развијат деменција или благо когнитивно оштетување. Студија – ОВДЕ. За повеќе корисни содржини заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.

Следно прочитајте: „Пробиотици и витамин Д3 – одлична комбинација за градење на имунитет кај децата“ – ОВДЕ.

Пробиотици и витамин Д3 – одлична комбинација за градење на имунитет кај децата